Достапни линкови

Обновување на прилепската Чарши џамија


Прилепската Чарши џамија
Прилепската Чарши џамија

Прилепската Чарши џамија ќе се реконструира како Музеј на исламската уметност и култура.

Реализацијата на проектот вреден 4 милиони денари треба да започне за кусо време. Половина од средствата ги обезбедува Владата,а другата половина преку донации Исламската верска заедница, која постигна договор со Управата за заштита на културното наследство и Националниот конзерваторски центар. Со ова конечно, се става крај на 9 годишните вербални конфликти и тензии меѓу граѓаните на Прилеп и Прилепското муфтиство, кое инсистираше Чарши џамија да се реконструира во активен верски објект.

Бехиџудин Шехапи, директорот на Националниот конзерваторски центар информираше дека тендерската постапка е завршена,а скопската градежна фирма „Лукс салон“ е избрана за изведувач.

Чарши џамијата во Прилеп

Но, локалните власти во Прилеп немаат никакви информации. Градоначалникот Марјан Ристески тврди дека не добил известување од ниту една институција, но потенцира дека објектот може да се реконструира исклучиво како споменик на културата. Од општинскиот сектор за урбанизам упатуваат дека, за обнова треба да се достави барање и проект од сопственикот на Чарши џамија.

„Уметничка галерија на исламската култура, што значи дека таков треба објект, така се изјасниле граѓаните и таков треба да се изгради, за да еднаш се стави крај на сите овие игри што се случуваат околу џамијата“, вели Илија Карески, раководител на Сектор за урбанизам.

Тој додава дека според новиот генерален урбанистички план, џамија за верски обреди ќе се гради во населбата Тризла.

„Каде што има поголема квадратура на државно земјиште, каде што исто така и населението се изјасни дека сака да се гради таму џамија. Бидејќи таму се сконцентрирани самите муслимани, таму им е најсоодветно да ги обавуваат своите верски потреби.“
Каде што има поголема квадратура на државно земјиште, каде што исто така и населението се изјасни дека сака да се гради таму џамија.


По веста дека Чарши џамија ќе се реконструира во музеј на исламската култура и Прилепското муфтиство, кое тврди е сопственик на Чарши џамија, има ретерирани ставови. Муфтијата Мустафа Топалоски вели дека е добро што во објектот ќе биде изложено едно огромно богатство и што ќе биде отворено за посети на граѓаните.

Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман, пак истакнува дека целта на реализацијата на овој проект е токму да се заштити културното наследство на Македонија.
Но, со реализација на проектот всушност ќе се затвори една црна страна од историјата на Прилеп и прилепчани. Зашто Чарши џамија беше опожарена на 8 август 2001 година, кога кај Карпалак загинаа 10-те мина прилепски резервисти. Од тогаш до денес, овој споменик на културата беше оставен на забот на времето, а секој обид на прилепското муфтиство тука да се извршуваат верски обреди, предизвикуваше бурни негодувања кај граѓаните. Најсилни беа реакциите на прилепските занаетчии во старата чаршија кои го наследиле занаетот од нивните прадедовци, според кои постои тврдење дека Чарши џамија секогаш била само само споменик на културата.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG