Достапни линкови

Споменици во Прилеп


Прилеп
Прилеп
Прилепската локална самоуправа и годинава ќе продолжи интензивно со изградба на споменици. Освен Александар Македонски и Итар Пејо кои се наоѓаат во центарот како културно обележје на градот под Марковите Кули, годинава ќе се гради и споменик на Крал
Ќе биде изграден споменик во чест на големиот револуционер Ѓорче Петров,Блаже Конески, на кралот Марко по кој што го знаат, значи нашиот град уште е познат и како Марков град, Марковите Кули, Варош..
Марко.

„Ќе биде изграден споменик во чест на големиот револуционер Ѓорче Петров,Блаже Конески, на кралот Марко по кој што го знаат, значи нашиот град уште е познат и како Марков град, Марковите Кули, Варош..“

вели градоначалникот Марјан Ристески.Но, на оваа активност на локалната власт реагира опозиционата СДСМ и смета дека не е време за вакви финансиски трошоци во услови на економска криза и рецесија:

„Иако еден куп други проблеми на текстилци, на стечајци, набранители кои што актуелната власт ги залажува само во предизборие, не ги решава нивните проблеми, али затоа во делот на споменици константно го решава проблемот.“

обвинува Горан Сугарески, претседателот на општинската организација на СДСМ.

Од друга страна годинава ќе се гради и монументален споменик во чест на загинатите кај Карпалак висок околу 40 метри, финансиран од државниот и делумно од локалниот буџет. Но, проблемот на Чарши џамија која беше запалена дента кога загинаа бранителите кај
Иако еден куп други проблеми на текстилци, на стечајци, набранители кои што актуелната власт ги залажува само во предизборие, не ги решава нивните проблеми, али затоа во делот на споменици константно го решава проблемот
Карпалак, остана да сведочи за немилиот настан, пеплосана и обрастена во треви.

„Ние не се мешаме во надлежноста на Министерството за култура. Едноставно ги чекаме да дојдат со подготвен проект.“

Се оградува градоначалникот Ристески.Но, ваквиот став на локалната самоуправа остро го критикуваат од опозиционата СДСМ. „Владеачката партија кокетира со граѓаните од исламска вероисповед, ги користи како инструмент за победа на изборите, им ветува,но не ја гради џамијата„-категорични се во општинската СДСМ.

„Актуелната власт калкулираше со добивање или губење на гласови, ветувајќи им на Ромите дека проблемот на џамијата ќе биде решен, на тој начин добивајќи гласови. Меѓутоа во делот на македонските гласови ако се спомнеше решавањето на овој проблем, тогаш ВМРО-ДПМНЕ мислеше дека ќе се изгубат гласови. Затоа овој проблем останува нерешен,“

смета Сугарески. Од Управата за заштита на културното наследство пак имаат предлог Чарши џамија да се реновира во државен музеј на исламската уметност во кој би се сместиле сите вредни експонати.
Како што вели директорот Паско Кузман на средбата со претставници од локалната власт, исламската верска заедница и министерствата за култура и транспорт и врски било договорено преговорите да продолжат со цел да се најде идеална солуција. Министерството има интенција, но нема одговор како и кога ќе се реконструира објектот. До конечно решавање на овој проблем кој се пролонгира повеќе од 8 години, џамијата-заштитен споменик на културата кој датира од 15 век и натаму ќе им служи како дувло на бездомниците и ќе биде црна дамка во урбаната слика на Прилеп.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG