Повеќе од година и пол, односно за целиот досегашен приод откако беше избрана новата локална власт, руралната општина Демир Хисар работи со блокирана сметка. Општината должела 31 милион денари, од кои досега успеала да исплати само третина, односно 10 милиони. Се работи за соседна општина до Битола, која опфаќа 40-тина села со десетици илјади жители. Поради ваквите финансиски проблеми не само што забавено се одвива децентрализацијата, туку се одлагаат и прокети кои беа капитални во изборната програма на градоначалникот Тони Анѓелески од ВМРО-ДПМНЕ.
„Функционираме како еден маратонец кога ќе го пуштат да плива со врзани раце и нозе. Најмногу се одразува на динамиканата на реализацијата на прокетите кои беа дел од програмата. Ако беа предвидени прокети со одреден рок на реализација, сега тие проекти се одвваат со забавено темпо, има и одлагања. На пример прокети кои се за реконструкција на градската водоводна мрежа во Демир Хисар, која е една од десетте приоритети, а за овој период ја имаме изготвено само проектната документација, а реализацијата е одложена за идната година“, вели градоначалникот Анѓелески.
Тој објаснува дека најголемиот дел од долговите ги наследиле од претходната локална власт. Бидејќи се работи за помала општина, таа нема голема финансиска моќ самата да го подмири долгот, а помош побарале и од ЗЕЛС и од Владата.
„Најмногу со штедење и со зголемен интензитет на наплата на даноците, надоместоците, таксите. Минатата година со сите мерки и активности што ги презедовме, по одредени категории на приходи во буџетот наплатата е во повеќето категории над 80 отсто, а некаде и над 90 отсто наплата на побарувањата, даноци, такси и друго“, додава Анѓелески.
Освен Демир Хисар, во преспанско-пелагонискиот регион има и други помали рурални општини кои се соочуваат со долгови, отежната реализација на прокети и децентрализација. Меѓу нив и општина Ресен.
Најмногу се одразува на динамиканата на реализацијата на прокетите кои беа дел од програмата. Ако беа предвидени прокети со одреден рок на реализација, сега тие проекти се одвваат со забавено темпо, има и одлагања.