Македонските граѓани се при завршетокот на рокот за откуп на дворно место исполнет со најави за повисоки цени од наредната година. Ова е уште една ситуација повеќе кога се бара повеќе од планираните финансиски можности. Откупот на дворно земјиште по едно евро за метар квадратен на крајот излегува многу повеќе. Дополнителен проблем е и што се губи многу време.
,,Ќе побрзаме малку. Со соседите, па нотар да дојде, геометар требало. Значи треба елаборати да направат и отприлика чини 100 евра. Има еден месец, досега чекав, сега да видам како ќе завршам."
,,Ние не сме воведени во катастар, па прво ќе треба тоа да го направиме, па после откуп."
Ова се искуствата на поголемиот дел од луѓето кои деновиве се упатуваат во општините и подрачните единици, притиснати од последниот рок до крајот на годината кога треба да заврши откупот. Парадоксални ситуации има во станбените објекти каде луѓето треба да откупат заедничко земјиште кое практички и физички е неделиво.
,,Не информираат доволно од општините. Вадење на извод од Детален Урбанистички план, да се уплати 550 денари, меѓутоа не е добро информирано затоа што 550 денари било за целата зграда, а ние секој посебно уплаќавме."
Во општините засега велат дека за сите информации надлежно е министерството за транспорт и врски. Експеритите пак неможат да се начудат што може граѓаните да направат со земјиштето кое физички неможе да се подели. Велат дека нас не треба да не интересираат компаративните искуства на други земји кои имале поинакви уредувања од нашиот. Под зградите земјиштето ќе има заедничка сопственост, односно неможе да биде единечно.
,,Фактички на тоа можат да бидат сопственик, но секогаш ќе бидат заеднички сопствник. Ќе бидат косопственици на заеднички делови. Што добиваат со тоа? Ништо."
изјави Лорија Ванковска, нотар.
Може да се видат и некои убави доживувања како кај овој граѓанин:
,,Си уплатив на уплатница по едно евро од квадрат, излегоа 89 квадрати, 89 евра и за 15 до месец дена се се заврши."
Откупувањето на дворното место се објаснува во рамки на денационализацијата.
Ќе побрзаме малку. Со соседите, па нотар да дојде, геометар требало. Значи треба елаборати да направат и отприлика чини 100 евра. Има еден месец, досега чекав, сега да видам како ќе завршам
,,Ќе побрзаме малку. Со соседите, па нотар да дојде, геометар требало. Значи треба елаборати да направат и отприлика чини 100 евра. Има еден месец, досега чекав, сега да видам како ќе завршам."
,,Ние не сме воведени во катастар, па прво ќе треба тоа да го направиме, па после откуп."
Ова се искуствата на поголемиот дел од луѓето кои деновиве се упатуваат во општините и подрачните единици, притиснати од последниот рок до крајот на годината кога треба да заврши откупот. Парадоксални ситуации има во станбените објекти каде луѓето треба да откупат заедничко земјиште кое практички и физички е неделиво.
,,Не информираат доволно од општините. Вадење на извод од Детален Урбанистички план, да се уплати 550 денари, меѓутоа не е добро информирано затоа што 550 денари било за целата зграда, а ние секој посебно уплаќавме."
Си уплатив на уплатница по едно евро од квадрат, излегоа 89 квадрати, 89 евра и за 15 до месец дена се се заврши