Опаѓа интересот на компаниите за учество во јавните набавки, се поништува секој четврти тендер, се користат спорни елементи во изборот на најповолната понуда, се зголемуваат непосредните спогодби, а растат и одлуките на Државната комисија за жалби по јавни набавки за целосно поништување на постапките. Овa се дел од клучните наоди од четиримесечниот мониторинг на процесот на јавни набавки спроведен од Центарот за граѓански комуникации. Генералната оценка е дека со исклучок на одредени сегменти, нема подобрување во процесот на јавни набавки.
„Всушност имаме и влошување во многу сегменти по однос на критериумите, по однос на малипулативните трошоци, по однос на непочитување на транспарентноста“, вели Вања Михајлова, експерт во Центарот за граѓански комуникации.
Обидувајќи се да ни ги пренесе искуствата во својата матична земја, Словенија, претседателот на ГРЕКО (Група земји за борба против корупцијата), Драго Кос порача дека не е потребно само воведување на директивите на Европската унија, туку и нивно прилагодување во земјата каде се спроведуваат. Тој ја потенцираше потребата од добри закони на кои ќе работат експерти за антикорупција но и поефективни санкции за злоупотребите.
„Кога и да ме прашаат, кој е најголемиот проблем во корупцијата, велам јавните набавки. Ова е најсуштинскиот проблем со кој се соочуваат сите земји. Сметам дека директивите на ЕУ и законодавството за јавни набавки го подготвуваат екепертите кои не се експерти за корупција. Тие се добри за јавни финансии и сакаат да ги постигнат принципите на транспарентност и недискриминација, но тоа не е доволно“, вели Кос.
Закони имаме, но не постои политичка волја за спречување на корупцијата во оваа област, апелираше првиот човек на Антикорупциската комисија Илми Селами.
„Тоа е нависитина отварање на една опасна врата на состојбите со корупцијата.“
Од Бирото за јавни набавки, пак, се правдаат дека законските решенија се добри и оти електронскиот систем за спроведување на постапките значително ја подобрил тендерската постапка.
„На интернет страната на бирото има навистина сет од инструкции и упатства, вклучително и за евалуацијата на понудите, критериумите, способностите итн“, рече директорката на Бирото, Маре Богева Мицевска.
Иако, таа посочи дека санкции за прекршувањата во делот на јавните набавки има и тие се спроведуваат, дел од експертите сметаат дека овој закон е еден од ретките кој што нема санкции. Тие порачуваат дека во следните измени треба да се воведат санкциите за повредите кои не се само кривични.