Достапни линкови

Фестивал Де: Сонанц


Од 7 до 9 октомври, на неколку локации низ Скопје, ќе се одржи второто издание на фестивалот за електронска музика, визуелна уметност и нови медиуми ДЕ:СОНАНЦ.

По извонредно успешното првично издание на манифестацијата кое лани се одржа во рамките на проектот Германски недели и на љубителите на модерната уметност во земјава им ги претстави еден од пионерите на електронската сцена Елекс Импајр, ирската режисерка Ниам Ахирн и нејзината филмувана сторија за Андреас Шнајдер и неколкуте артисти од регионов, Скопје ги отвора портите и за продолжението на фестивалот ДЕ: СОНАНЦ чија амбиција е да претставува иновативни и реномирани музичари и визуелни уметници кои покриваат најразлични стилови. Разбирливо и овојпат фокусот е на германската електронска сцена, но годинава програмата е проширена со француски, турски и македонски артисти.
Идејата за организирање на овој фестивал е да се претстави германската електронска музичка сцена која е една од највлијателните во светски рамки и исто така да се понуди еден вид платформа за повеќе сфери од културниот живот.


„Идејата за организирање на овој фестивал е да се претстави германската електронска музичка сцена која е една од највлијателните во светски рамки и исто така да се понуди еден вид платформа за повеќе сфери од културниот живот“, истакнува Марија Костовска, координатор на фестивалот.

Илустрација: Диско

Од годинешната програмска понуда според звучноста на името се издвојуваат КЛАСТЕР, амбиент и краутрок легендите, кои се симбол за апстрактност и звучна алхемија. Инаку, дуото кое го сочинуваат Ханс Јоаким Роделиус и Дитер Моебиус е еден од највлијателните спејс-рок проекти од 1970 години и не само на германската туку воопшто на светската музичка сцена. Во соработка со Кони Планк тие ги објавуваат првите албуми за кои се смета дека ги ставиле темелите на она што подоцна во глобални рамки ќе биде именувано како електро-поп. Бележита е и нивната плодна соработка со еден од најиновативните германски гитаристи од тој период Микел Ротер од групата НОЕ и подоцна со славниот Брајан Ино, а во Скопје доаѓаат да ја претстават својата последна објава – албумот објавен минатата година, Ква.

Покрај нив за издвојување се имињата на продуцентот и диџеј Панта ду Принс, за кого се вели дека ќе ја одведе публиката на волшебно патување на лизгавиот праг помеѓу уметноста и природата, Турчинот Мехмет Кан Озер, ТАЈМ АРТ АНСАМБЛ, францускиот артист Дантон Ипром, парижаните ЗОМБИ ЗОМБИ домашните Аксиотомик, Макара и Душко Јаневски и други.
Говорејќи за потребата од развивање на интеракција помеѓу уметниците и за тоа колку ваквото случување може да им помогне на македонските творци во нивната натамошна промоција Костовска дополнува:

„Во рамки на работните средби и дискусии да се запознаат подобро со странски музички гости и на тој начин да оставарат подобра соработка.“
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG