По извонредната серија на симфониски џез концерти од минатата сезона кои одлично поминаа кај пошироката публика, Македонската филхармонија е пред својот втор исчекор во предвидениот серијал со кој се влегува во интерпретација на класични дела користени во седмата уметност или на оригинална филмска музика. Насловен како СЛУШАЈТЕ ФИЛМ, овој перформанс е планирано да ги донесе изведбите на композициите на славните Џон Вилијамс, Енио Мориконе, Ханс Цимер, Вангелис... автори кои важат за големи авторитети на ова поле. Стручен консултант во одбирот е Влатко Галевски, долгогодишен автор на емисијата со исто име која се емитуваше на Радио Равел и уредник во магазинот Форум.
„Ова е вториот концерт кој практично претставува еден преглед на најпопуларната светска филмска и музичка програма во изминативе неколку децении. Тоа се значи се познати имиња од областа на филмската композиција, застапени се од големиот Џон Вилијамс до Вангелис, и се работи исто така за мошне популарни и гледани филмови.“
Говорејќи за постапката во креирањето на овие настапи од серијата концерти на Македонската филхармонија со филмска музика тој со дополна:
„Суштината е во тоа што постапката за ваков концерт е обратна од создавање филмска музика. Значи, ние ја поставуваме филмската музика како музичко дело, а ја илустрираме со клипови односно подготвувани спотови што визуелно ја поткрепуваат.“
Инаку, со Филхармонијата овојпат ќе диригира младиот Борјан Цанев кој воопшто не го крие задоволството од учеството во проектот за кој наново очекува да го предизвика вниманието на поширокиот круг љубители на музиката и особено на филмот.
„Мене ми е драго што ќе бидам дел од овој проект од причина што ова се култни филмови кои што ќе бидат презентирани на концертот во четврток. Филмови кои што се повразни со нашата генерација, па и генерации пред нас.“
Кон ова само уште информацијата дека циклусот ќе продолжи и во следната сезона најнапред со преставување на авангардна филмска музика, малку пооткачено како што велат авторите, за да кругот биде затворен некаде напролет 2011 со селекција на музика од македонски филмови.
Ова е вториот концерт кој практично претставува еден преглед на најпопуларната светска филмска и музичка програма во изминативе неколку децении. Тоа се значи се познати имиња од областа на филмската композиција, застапени се од големиот Џон Вилијамс до Вангелис, и се работи исто така за мошне популарни и гледани филмови.