Свеченото отворање на шестото издание ТАНЦ ФЕСТ ќе биде во знакот на голем спектакл, одбележување на значаен јубилеј и доделување на националната и специјалната награда Менада. Во салонот на Македонската опера и балет со нагласена љубопитност се очекува изведбата на Третиот, чиј поднаслов е Божествена комедија, копродукциски проект помеѓу културниот центар Интерарт и Ротердамската танцова академија. Се работи за кореографија на Рисима Рисимкин за која изборот на музиката и адаптацијата ги стори Кирил Џајковски, а дизајнот е на Благој Мицевски. Во него настапуваат студентите од завршната година од славната холандска танцова школа, а говорејќи за својата нова творба Рисимкин забележува дека:
„Претставата е работена на ,,Божествената комедија“ од Данте Алигиери, меѓутоа сепак се работи само за мотиви, повеќе се вртиме кон она што е човечко и патот низ кој секој во животот поминува.“
На 16 април оваа голема продукција ќе биде изведен и на сцената на Народниот театар во Битола, со што ТАНЦ ФЕСТ како манифестација ја проширува својата програма на ниво на целата држава. Инаку, во периодот од 14 до 19 април, на неколку сцени во културните установи во Скопје, љубителите на танцот ќе можат да ги проследат и настапите на Ана Рети од Унгарија, македонските танцови дружини Брејк-а-лег, Балфрогс балет и Туту кои ќе претстават поинакви урбани стилови, перформансот на учениците од Државниот музичко-балетски центар Илија Николовски Луј, германската танцова компанија на нашиот Игор Киров, а на Денот на танцот, во недела на 18 април, по прв пат ќе биде одржана Парада на танцот со над 1000 учесници од клубовите во земјава во чест на Македонската современа сцена. Следејќи ја, пак, традицијата започната во 2005 година, Советот на ТАНЦ ФЕСТ, наградата за врвни достигнувања во областа на танцот МЕНАДА годинава и ја додели на професорката Татјана Петковска за нејзините заслуги во развојот и во афирмацијата на едукацијата на танцовата уметност. Од друга страна, специјалната награда за исклучителен придонес за развојот на современиот танц во Македонија овојпат и припадна на Симоне Филипини, амбасадорката на Кралството Холандија во нашава земја, која досега даде огромен придонес за воспоставување на контактите помеѓу уметниците и институциите од обете земји и несебично помага во отворањето на првата танц академија која од есен треба да започне со работа на универзитетот ЕСРА во Скопје. За ова признание Филипини со краток коментар:
„За мене е голема чест добивањето на оваа награда. Од друга страна сметам дека ја добивам незаслужено бидејќи мојот придонес за манифестацијата е навистина мал. Природно е што толку се залагам за промовирање на современиот танц бидејќи се работи за фантастична форма на уметноста и експресијата, но.вистинскиот двигател на танцот во Македонија е Рисима Рисимкин. Јас сум само скромен помагател.“
Кон ова само уште информацијата дека во рамките на дополнителната програма на манифестацијата ќе се одржат и работилница за танц, промоција на книгата На крилјата на танцот и тркалезната маса на тема Современиот танц како дел од националната културна стратегија.

Претставата е работена на ,,Божествената комедија“ од Данте Алигиери, меѓутоа сепак се работи само за мотиви, повеќе се вртиме кон она што е човечко и патот низ кој секој во животот поминува.