Последните две изведби на јубилејниот петти по ред Интернационален фестивал на танцот кој годинава се одвиваше под мотото Чудесниот свет на танцот ќе им припаднат на танчерите и кореографите на Државната опера и балет Истанбул од Турција. На големата сцена на Македонската опера и балет тие во рамките на двете предвидени фестивалски вечери најнапред ќе се претстават со Градина на розите во кореографија на Бејхан Марфи и низ музика на нам добро познатиот Мерџан Деде, артист и диџеј кој на два пати музицирал во Скопје. Се работи за модерна продукција која ја претставува современата и мистична турска култура, уникатен спој на минатотот и сегашноста.
„Навистина е извонредно тоа што една мала земја како Македонија има таков фестивал кој остава таква трага на мапата на светскиот танц“
вели Бејхан Марфи, инаку и директорка на Балетот Истанбул.
Два дена подоцна ќе имаме можност да ја проследиме и фантастичната танцова новела Дамата со камелии што на музика на славните композитори Ѓузепе Верди, Пјетро Масањи и Адам Хачатуријан ја направи Мехмет Балкан. Овој извонреден творец како балетан настапувал на најпознатите светски сцени, но уште позначајна е неговата улога како кореограф кој има огромен придонес не само за развојот на европската, туку и на танцовите сцени во Канада, Јапонија и во други земји. Балкан на два пати од влијателниот магазин ДЕНС ЈУРОП бил прогласуван за најдобар уметнички директор и благодарение на неговиот ангажман на ТАНЦ ФЕСТ имавме можност во изминативе години да ги видиме Компанијата за модерен танц од Државната опера и балет на Анкара и потем грандиозниот Национален балет од Лисабон, Португалија.
„Од самиот почеток, од моето познаство со Рисима Рисимкин, се обидувам да му дадам комплетна подршка на Фестивалот бидејќи уште тогаш го видов она светло што го огрева модерниот танц. Просто е неверојатно со толку мал буџет да се направи една ваква манифестација од светски калибар. Се надевам дека лично ќе ми се отвари и желбата повторно да се сретнеме овде на 10 годишнината од ова веќе големо интернационално случување.“
вели Балкан, добитник на специјалната награда за афирмација на ТАНЦ ФЕСТ, признанието што Советот на манифестацијата отсега натаму ќе го доделува само во исклучителни ситуации.
Инаку, актуелното јубилејно издание на овој интернационален фестивал го следи и Михаела Виору, уредничката на ДЕНС ФОР ЈУ, специјализирано списание за танц од Германија. Таа е презадоволна од она што во изминатите денови го видела како програмска активност и порачува:
„Сигурна сум дека овој фестивал ќе има убава иднина и ќе дадам се од себе преку мојот магазин да го промовирам на вистинскиот начин насекаде во светот.“