Современата танцова култура како фактор за трансформација на општеството е насловена втората по ред интернационална конференција што ја потпишува културниот центар ИНТЕРАРТ и на која во овие четири дена своите искуства во оваа уметничка област, покрај домашните познавачи, на учесниците ќе им ги пренесат светските авторитети како Јапонката Сушаки Такеучи, Ги Сонен и Сара Еренс од Холандија, како и балетски работници и кореографи од земјите на Балканот.
,,Конференцијата е навистина еден значаен исчекор во третирањето на современиот танц, и очекуваме да ги расчисти работите посебно што покрај стручната јавност која што е вклучена на таа конференција имаме и голем број на новинари, уредници на културни рубрики во различни медиуми кои што се луѓе кои што сепак го креираат јавното мислење.“
истакнува Рисима Рисимкин од Културниот центар ИНТЕРАРТ, чиј проект Три различни точки на гледање, премиерно претставен летово, ќе го одбележи почетокот на ова случување. Ова подразбира дека на конференцијата покрај дебатниот дел ќе се одвиваат и работилници, наедно ќе бидат прикажани неколку танцови филмови со кои домашната публика за прв пат се сретна на годинешното издание на манифестацијата ТАНЦФЕСТ, а за вечерните часови се планирани уште неколку танцови изведби. За ова Рисимкин со дополна:
,,Покрај конференцискиот дел кој што е теоретски и од кој што очекуваме да излезе една публикација од кои што ќе бидат сублимирани сите излагања на активните учесници на конференцијата тоа се околу 20-тина автори ќе имаме работилници во кои што ќе се опфатат повеќе техники на современиот танц, а исто така ќе имаме и уметнички вечери со што исто така ќе ја заокружиме целата таа програма.„
Инаку, одвивањето на Втората интернационална конференција за современ танц конечно оди во прилог на дамнешната желба на Рисима Рисимкин и сите вљубеници во современиот балетски израз за отварање на првата Танцова академија во Македонија, за што кореографката ќе забележи:
,,Очекуваме во септември 2010 година да се отвори факултетот за современ танц на Универзитетот ЕСРА. Сметаме дека е извонредна можност за македонските идни студенти да добијат европско образование и се надеваме дека ќе се оствари тој проект.„