Достапни линкови

Гринвеј - Поголема заштита на човековите права


Претседавачот на Комисијата за бегалци при Советот на Европа Џон Гринвеј со порака Владата да покаже волја за заштита на човековите права.

Крајно време е да се покаже политичка волја за заштита на човековите права, а владата да преземе мерки против оние кои ги злоупотребуваат истите. Со ваква порака си замина претседавачот на Комисијата за миграции, бегалци и население на парламентарнотот собрание на Советот на Европа, Џон Гринвеј.
Постои зголемена експлоатација на луѓето, која се случува поради слабата финансиксиа ситуација, а повеќето од нив се експлоатирани бидејки сакаат да најдат подобра работа и вакви примери има насекаде, не само во вашата
земја.

Откако со своите македонски колеги размениле искуства за тоа каква е состојбата на тој план во земјава, Гринвеј посочи дека економската криза е главната причина за зголемениот пораст на нелегалната трговија со луѓе и трудовата експлоатација.

„Постои зголемена експлоатација на луѓето, која се случува поради слабата финансиксиа ситуација, а повеќето од нив се експлоатирани бидејки сакаат да најдат подобра работа и вакви примери има насекаде, не само во вашата земја“, изјави Гринвеј.

Тој сепак посочи дека е особено загрижувачка состојбата со Ромите-бегалци и условите во кои живеат тие. Поради лошите услови за живот на Косово, дел од бегалците се уште се тука, а според Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Македонија прави се за да го олесни нивното живеење:

„Но и покрај тоа што не исполнуваат услови да добијат азил, Македонија имајќи предвид дека условите во Косово се лоши и не се
Мислам дека Македонија има задоволително ниво на исполнување на тие препораки, она за што јас многу често реагирам во странство се т.н. двојни стандарди.
гостопримливи, се обидува да оствари што подобар третман за тие луѓе и не ги враќа назад во Косово затоа што е свесна дека може да се случат непосакувани ситуации.“

За Андреј Жерновски од ЛДП, пак Македонија е позитивен пример во однос на тоа што го прави за ромската популација.

„Мислам дека Македонија има задоволително ниво на исполнување на тие препораки, она за што јас многу често реагирам во странство се т.н. двојни стандарди тогаш кога нас не критикуваат кога нешто нема да направиме, но кога во Европа се случуваат такви работи тие знаат да ,’покријат очи‘ за сето тоа.“

Следниот месец Комисијата за миграции, бегалци и население ќе подготви извештај кој ќе биде доставен до комитетот на министри при Советот на Европа. Врз основа на истиот ќе бидат донесени заклучоци за тоа како да им се помогне на жртвите на нелегалната трговија со луѓе и како да се спречи таа појава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG