Бројот на раселени луѓе кои се враќаат на Косово во текот на првите 6 месеци од годината расте во споредба со минатите години.
Косовскиот министер за заедници и враќање на бегалците, Саша Рашиќ вели дека оваа година се вратиле 1000 луѓе, најголемиот дел од нив Срби, а има и Роми, Ашкали, Египќани и Албанци. Министерот вели дека најпопуларно место за повратниците е општината Исток кај Пеќ.
„Зборуваме за голем напредок во таа сфера, а се надеваме и дека до крајот на годината ќе има поголем број на луѓе кои ќе се вратат. Имаме многу проекти кои започнаа во мај и јуни и веруваме дека пронајдовме еден квалитетен начин да се вратат бегалците. Пред се во економска смисла, бидејќи безбедноста веќе не е најголем проблем на Косово, туку економската и социјалната ситуација. “
Доколку раселените семејства исполнуваат одредени услови, помеѓу кои да поседуваат имот кој е уништен, а притоа да немаат друг имот и да не продале ништо, Министерството за враќање на раселените им пружа таканаречен стандарден пакет помош.
„Тоа е реконструкција на куќите, нешто покуќнина, храна за шест месеци и 2000 евра помош во опрема.“
Министерството им дава помош и на луѓето раселени внатре во Косово. Проект преку кој луѓето довибиваат станови постои во селото Лапљем, а со помош на Владата на Велика Британија се работи на враќање на 10 српски семејства во Призрен.
Еден од проблемите на повратниците е економската несигурност, тоа што не можат да најдат работа, но министерот Рашиќ вели дека е оптимист дека и тоа ќе се среди.
Во меѓувреме, заменик премиерот на Косово Рам Манај одржа состанок со претседателите на општините во Косово, на кој се разговарало како да се спроведе Правилникот за формирање и функционирање на канцелариите за заедници и враќање на бегалци.
Тие канцелари ќе имаат за цел промоција и заштита на правата на заедниците во сите општини во Косово.
„Прашањето на раселените граѓани, нивното враќање, реинтеграцијата и нивното сместување се од осебено значење за локалните, но и за централната власт. Косовските институци се посветени на тоа, затоа што подршка на интересите на заедниците дава и Уставот на Косово, косовските закони и планот на Ахтисари“, вели Манај.

Зборуваме за голем напредок во таа сфера, а се надеваме и дека до крајот на годината ќе има поголем број на луѓе кои ќе се вратат. Имаме многу проекти кои започнаа во мај и јуни и веруваме дека пронајдовме еден квалитетен начин да се вратат бегалците.