Достапни линкови

Разговори меѓу Приштина и Белград?


Приштина
Приштина

Има или нема тајни разговори меѓу Приштина и Белград? Засега се` се сведува на шпекулација без докази.

За Косовскиот премиер Хашим Тачи, обвинувањата на опозициската Алијанса за иднината на Косово за тајни разговори со српската влада се смешни. Потпретседател на Алијансата Ардиан Ѓини пак изјави:
Премиерот, наместо да дава квалификации, треба да се објасни зошто високи претставници на неговата влада патуваат во одредени места. На ова прашање треба да се гледа сериозно, а не да се смета за смешно.


„Мислам дека времето ќе дојде кога јавноста ќе биде запозната со секој детал. Никогаш, ништо не може да се сокрие засекогаш. Премиерот, наместо да дава квалификации, треба да се објасни зошто високи претставници на неговата влада патуваат во одредени места. На ова прашање треба да се гледа сериозно, а не да се смета за смешно“, рече Ѓини.

Тој додаде дека доколку владата ги негира овие наводи, Алијансата ќе биде принудена да излезе со повеќе детали.


Во однос на ситуацијата на северот на Косово, заменик-премиер Хајредин Кучи изјави дека за проблемите во овој дел од земјата, властите на Косово разговараат во присуство на меѓународната заедница и со локалните Срби, а не со Србија.
Алијансата за иднината на Косово нема причина да крие факти.

Во меѓувреме, Дритон Лајчи, политички аналитичар од Косово, изјави дека наводите на Алијансата за иднината на Косово за тајни средби меѓу Приштина и Белград се шпекулации, имајќи предвид дека Алијансата не открива факти за тоа.

„Алијансата за иднината на Косово нема причина да крие факти, доколку ги има, поради тоа што тоа е во нејзина корист и во корист на Косово доколку Владата на Косово има тајни разговори со Србија. За сега, тоа се шпекулации.“

Според него, косовската влада нема причини за тајни разговори кои можат да бидат контрапродуктивни.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG