Достапни линкови

Одлуката за Косово добра за стабилноста


Според домашните аналитичари, одлуката на Меѓународниот суд кој ја потврди косовската независност е добра од аспект на регионалната стабилност.

Министерството за надворешни работи соопшти дека со особено внимание го проследи донесувањето на одлуката на Меѓународниот суд на правдата во Хаг во однос на побараното советодавно мислење за легалноста на декларацијата за независност на Косово, оценувајќи ја како значајна одлука на релевантен меѓународен орган, со специфична меѓународно правна тежина.

МНР цени дека одлуката на Судот го потврдува меѓународно правниот кредибилитет на политиката на Република Македонија во однос на признавањето на независноста на Косово.

Министерството, како што наведува во соопштението, верува дека ваквото мислење на Меѓународниот суд на правдата претставува добра основа и силен поттик за унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како и за отворање ново поглавје во градењето меѓусебна доверба меѓу државите во регионот.
Мислењето на судот нема да предизвика дополнителни тензии или отварање на некои старо-нови сценарија, како што можеше да предизвика поинаква одлука на судот која би ја оспорила во целост косовската декларација за независност.

Професор Стево Пендаровски вели дека одлуката на Меѓународниот суд е добра од аспект на регионалната стабилност.

„Мислењето на судот нема да предизвика дополнителни тензии или отварање на некои старо-нови сценарија, како што можеше да предизвика поинаква одлука на судот која би ја оспорила во целост косовската декларација за независност. Значи од тој аспект мислам дека одлуката повеќе ќе придонесе за стабилноста отколку за дестабилизација на регионот, бидејќи во спротивен случај, да имавме поинаква одлука, можеше да се преотвараат некои сценарија за кои мислевме дека се затворени.“

Војник на НАТО патролира по мостот во Косовска Митровица кој ги поврзува српскиот и албанскиот дел на градот

Аналитичарот Ризван Сулејмани вели дека ретко кој очекуваше ваква експлицитна одлука од Судот. Ова е своевиден преседан, вели тој, зашто територијалниот интегритет не се гледа веќе во класична смисла на зборот, туку повеќе се акцентираат правата на граѓаните. Тоа ќе ги натера, особено мултиетничките држави, да ги издигнат стандардите на рамноправност, за да избегнат евентуални движења кои би побарале отцепување, вели Сулајмани.
Така што и во таа смисла и Македонија како мултиетничка држава треба ова добро да го
проанализира.

„Така што и во таа смисла и Македонија како мултиетничка држава треба ова добро да го проанализира и на основа на тоа понатаму да гради стратегија како за внатрешната стабилизација, поставеноста во регионот и евроатлантската интеграција.“

Командантот на Главниот штаб на НАТО во Скопје Давид Хумар, во интервју за Радио Слободна Европа што ќе се емитува в недела, вели дека не верува оти тензиите што се појавија на Косово во изминативе недели може да се пренесат на Македонија. Хумар посочува дека меѓународната заедница направи крупни чекори, во однос на безбедноста на регионот. Поканата која беше испратена од НАТО до земјите од регионот е еден од тие чекори, вели Хумар.

„Вашата земја е на прагот на Алијансата, а процесите се во тек во Црна Гора и Босна. Кога еднаш овој процес ќе заврши и сите балкански земји ќе бидат онаму каде што припаѓаат, во Евроатланското семејство, сигурен сум дека прашањата во врска со безбедноста веќе нема да бидат на врвот на агендата. А тој ден, од моја гледна точка, не е далеку.“

Македонија и Црна Гора го признаа Косово пред речиси две години.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG