Достапни линкови

Нова резолуција за Косово?


Советот за безбедност на ОН
Советот за безбедност на ОН

Шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени официјално побара од Советот за безбедност на Обединетите нации да усвои нова резолуција која ќе ја рефлектира реалноста создадена по прогласувањето на независноста. Ова, тој го изјави на седницата на Советот на која беше претставен редовниот тримесечен извештај за ситуацијата на Косово.

Амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност ја поддржаа улогата на УНМИК во смирувањето на тензиите и изразија загриженост поради насилството на северот на Косово.

Претходно шефот на УНМИК Ламберто Заниер оцени дека ситуацијата на Косово во изминативе три месеци била релативно стабилна и оти е потребен дијалог меѓу Белград и Приштина за да се намалт тензиите.
Нашето барање за смена на резолуцијата 1244 е во согласност со косовската конечна цел да стане членка
на ОН.

Тој додаде дека, по мислењето на Меѓународниот суд за правда за легалноста на прогласувањето на независноста на Косово, постои можност за таков дијалг заради изнаоѓање конструктивно решение.

Според него, дијалогот ќе биде важен за ситуацијата во регионот.

На ист став беа и амбасадорите на земјите кои го признаа Косово кои оценија дека со мислењето на Меѓународниот суд е окончан спорот за тоа прашање и затоа се заложија за технички преговори меѓу Белград и Приштина кои не би задирале во статусот на Косово.

Од друга страна, рускиот амбасадор во Обединетите нации Виталиј Чуркин, кој претседава со Советот, повтори дека Русија не го сменила мислењето и оти го почитува територијалниот интегритет на Србија.

На седницата, шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени побара од 15 членки на Советот за безбедност да ја заменат постојната резолуција 1244 усвоена во 1999 година со нова.

Генералниот секретар на ОН Бан ки Мун и шефот на косовската дипломатија Скендер Хисени

Тој додаде дека новиот текст би требало да ја рефлектира реалноста на Косово по мислењето на Меѓународниот суд на правдата.

„Нашето барање за смена на резолуцијата 1244 е во согласност со косовската конечна цел да стане членка на Обединетите нации“, изјави Хисени.

Министерот за надворешни работи на Србија Вук Јеремиќ, пак, изјави дека улогата на резолуцијата 1244 останува
Република Србија е обврзана да работи со Приштина и со меѓународната заедница во изнаоѓањето заеднички прифатливи решенија.
пресудна во решавањето на прашањето за Косово за кое, според него, нема совршено, но мора да има правично решение.

Србија веќе поднесе нацрт резолуција во Генералното собрание во која се бараат нови преговори за Косово.

„Република Србија е обврзана да работи со Приштина и со меѓународната заедница во изнаоѓањето заеднички прифатливи решенија.“

Јеремиќ, во врска со Меѓународниот суд на правдата, оцени дека всушност станува збор за погрешно толкување на мислењето на судот.

Според него, Судот во своето мислење навел оти декларацијата за косовската независност не била спротивна на меѓународното право, што, како што изјави, не значело и дека е во согласност со тоа право.

Косовскиот министер Хисени наведувајќи дека мислењето на судот е сосема јасно изјави дека се согласува со ставот на Јеремиќ дека погрешните интерпретации на тоа мислење се многу опасни за иднината на Србија и на Косово.

„Крајно време е Србија да почне да го почитува мислњето на Судот која сама го бараше“, изјави Хисени.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG