Достапни линкови

Тајни средби Приштина - Белград?


Приштина - дебата во Клубот за надворешна полтика 2 години по независноста
Приштина - дебата во Клубот за надворешна полтика 2 години по независноста

Во фокусот на косовската јавност деновиве е темата има или нема тајни разговори меѓу Приштина и Белград. Засега се се сведува на шпекулација без докази и партиска битка за рејтинг.

За Косовскиот премиер Хашим Тачи обвинувањата на опозициската Алијанса за иднината на Косово за тајни разговори со српската влада се смешни. Потпретседател на Алијансата Ардиан Ѓини пак изјави

"Мислам дека времето ќе дојде кога јавноста ќе биде запозната со секој детал. Никогаш, ништо не може да се сокрие засекогаш. Премиерот, наместо да дава квалификации, треба да се објасни зошто високи претставници на неговата влада патуваат во одредени места. На ова прашање треба да се гледа сериозно и не да се смета за смешно“,
Мислам дека ќе дојде време кога јавноста ке биде запозната со деталите. Никогаш ништо не може да се сокрие засекогаш ...

рече Ѓини и додаде дека доколку владата ги негира овие наводи, Алијансата ќе биде принудена да излезе со повеќе детали. Во однос на ситуацијата на северот на Косово, заменик-премиер Хајредин Кучи изјави дека за проблемите во овој дел од земјата, властите на Косово разговараат во присуство на меѓународната заедница и со локалните Срби, а не со Србија.
Во меѓувреме, Дритон Лајчи, политички аналитичар од Косово, изјави дека наводите на Алијансата за иднината на Косово за тајни средби меѓу Приштина и Белград се шпекулации, имајќи предвид дека Алијансата не открива факти за тоа.

Белград - Собрание на Србија


"Алијансата за иднината на Косово нема причина да крие факти, доколку ги има, поради тоа што тоа е во нејзина корист и во корист на Косово доколку Владата на Косово има тајни разговори со Србија. За сега, тоа се шпекулации "
смета косовскиот аналитичар Лајчи. Според него косовската влада нема причини за тајни разговори кои можат да бидат контрапродуктивни.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG