Во двете основни училишта „ЈХК Џинот" и „Благој Кирков" лоцирани на левата страна од градот во прво одделение запишани се само 85 деца. Оваа бројка на запишани првачиња е премала за формирање на четири одделенија или по две во секое училиште. Според законот за да се формира едно одделение во него неопходно е да има минимум 24 ученици.
Според Локалната самоуправа директорите на ЈХК Џинот и Благој Кирков веќе покренале постапка, со која бараат од надлежните да им дозволат да работат со паралелки во кои има помалку ученици од пропишаниот минимум.
„Веќе пристигна барање од училиштата да им се дозволи да функционираат со паралелки со помал број од законски определениот минимум за одвивање на наставата. Јас незнам како ќе се одвива работата доколку државниот просветен инспектор дојде на лице место и утврди помал број од законскиот минимум, кој за сето тоа ќе сноси одговорност“, вели Горан Петров, градоначалник на Велес.
Но, статистички гледано левата страна од Велес има доволен број на деца за да се пополнат паралелките во овие две училишта. Наместо според реонот на живеење и детето да оди на училиште во најблиското школо, родителите го користат правото на избот на училиште во кое ќе се школува нивното дете.
Директорите на основните училишта од другата страна на градот потврдуваат дека во нивните училишта има ученици кои според местото на живеење треба да се школуваат во едно од двете посочени училишта, но додаваат дека родителите се тие кои одлучуваат каде ќе учи нивното дете.
„Задоволството е поголемо бидејќи има голем број на ученици кои со сопствен превоз доаѓаат и од другиот крај на градот, посебно од левата страна на реката Вардар“, вели Асен Прличков, директор на ОУ Васил Главинов.
Проблемот со недостиг на ученици во Основните училиште „ЈХК Џинот" и „Благој Кирков" Општината планираше да го реши преку спојување на двете училишта, кои работат во ист објект, како едно правен субјект. Но, Советот таа иницијатива на последната седница ја отфрли. Сега останува неизвесно дали Министерството за образование ќе дозволи формирање на паралелки во кои бројот на ученици е 19.

Веќе пристигна барање од училиштата да им се дозволи да функционираат со паралелки со помал број од законски определениот минимум за одвивање на наставата.