Американците го нападнаа Ирак поради тоа што се сомневаа дека режимот на Садам Хусеин поседува оружје за масовно уништување.
Сепак и 7,5 години по уривањето на режимот на Садам Хусеин, ирачаните живеат во беда, стравувајќи од речиси секојдневните бомбашки напади. Стотици илјади Ирачани се уште живеат во импровизираните бегалски кампови. Карим Хасан Абуд живее со неговата жена, трите внуци и двете ќерки-вдовици во две соби во импровизиран камп во северозападен Багдад. Вели дека се чуствува изневерен од политичките лидери на земјата, кои не може да се договорат за формирање влада, шест месеци по одржувањето на изборите.
„Ако условите останат непроменети и не се формира влада, работите ќе се влошуваат со секој изминат ден. Чекаме да дојде некој добар човек и да владее со нас, обесправените луѓе. Ние сме обесправени луѓе. Политичарите се борат за функции и немаат поим ни што јадеме, ни што пиеме, ни каде спиеме.“
Ирачкиот Премиер Нури ал Малиќи го поздрави повлекувањето на американските борбени сили и изјави дека Ирак ја добил независноста и сувереноста како резултат на нивните операции во земјата. Сега рече Малики, сами ке треба да се соочимме со внатрешните и надворешните закани. Членот на политичкиот блок Ал Иракија Из ал Дин Давла пак во врска со повлекувањето на американските борбени трупи од Ирак вели
Мислам дека повлекувањето на американските борбени трупи испрака порака дека политичарите треба да бидат по одговорни во Ирак. Безбедноста е поврзана со политиката а Ирак продолжува да крвари.
Според агенцијата за бегалци на ОН, војната во Ирак ја предизвика најголемата хуманитарна криза на Блискиот Исток од 1948 година, кога Арапите од Палестина ги напуштија домовите по создавањето на Израел. УНХЦР проценува дека повеќе од 1,5 милиони луѓе се внатрешно раселени низ Ирак, а околу 500 илјади живеаат во кампови или во напуштени јавни згради. Само во Багдад има 120 кампови во кои живеат околу 200 илјади луѓе. Стотици илјади Ирачани, пак, избегаа во странство, најмногу во Јордан и во Сирија.
ОН проценуваат дека илјадници Ирачанки стамале жртво на трговија со бело робје. Иако бомбашките напади и убиствата се секојдневие, ОН проценуваат дека безбедносната состојба е значително подобрена од 2006 и 2007 кога меѓусекташките насилства го достигнаа врвот.