Министре деновиве во медиумите се актуелизираше темата за малите хидроцентрали, имено се пишува дека ,,Енерџи Зотер Бау,, бил заглавен во хартии. Дали може да се очекува за две години оваа компанија да ги изгради сите хидроцентрали како што се очекуваше?
Реално ние очекуваме од сите компании што потпишуваат договори да ги реализираат своите инвестиции и така е структуиран тендерот, договорите, каде што инвеститорите гарантираат за нивните инвестиции со одредена гаранција, а исто така сметаме дека тие пристапуваат кон овие договори со цел да инвестираат. Што се однесува до оваа компанија која е прва што потпиша вакви договори во Македонија, таа е во фаза на завршување на елаборатите, значи комплетната документација со која ќе треба да почне и делот на реализација на проектот. Тој треба да биде готов за две години, односно хидроцентралите да бидат оперативни очекувам тоа да се случи со оваа компанија и со останатите што се пријавени.
Народната банка најави поголема стапка на инфлација, министерстовото за финансии реагираше и изјави дека доколку биде потребно ќе се интервенира со стоковите резерви. Со кои активности ќе реагира Министерството за економија во однос на овие најави за инфалиција во септември?
Видете, маневарскиот простор за интервенција на пазарот на Министерството за економија е мал во оваа ситуација, односно да не кажам дека Министерството не е надлежна институција да делува во насока на регулирање на инфлацијата. Ние сме пазарна економија, значи инфлацијата е нешто што произлегува од пазарните сили на нашата економија. Министерството за финансии, посебно Народната Банка ја следи стапката на инфлација затоа што има инструменти преку кои може да влијае врз инфлацијата, меѓутоа треба да знаеме дека тоа што се случува, очекувањата за инфлација, тие се увезени очекувања, тоа што се случува во светот со пченицата и други прехрамбени производи, тоа може да има верижен циклус како што беше во 2008 година. Во тој контекст ние како Министерство сме надлежни за надворешната трговија. Македонија од 2003 е членка на СТО, ние сме се определиле дека сме за либерализација на трговијата, и од овој аспект има малку простор за да може преку надворешно трговска политика да се влијае врз политиката на цените. Тоа што може да направиме ние, имаме инструменти на т.н. привремени мерки кои можат да влијаат на балансирање на понуда и побарувачка со цел да се елиминираат екстремните шокови што може да се појават во економијата. Било недостиг, било тоа да е ценовен шок... Меѓутоа ако зборуваме за пченицата, веќе на Влада дискутиравме и Владата донесе одлука одредени ограничувања што беа за увоз на пченица, врзан со откуп на домашна пченица, тоа да се укине.
До каде се активностите за приклучување на Македонија кон Јужниот Тек? Имаше најави, има ли некои конкретни активности?
Кога зборуваме за гасификацијата и енергетиката воопшто, треба да имаме предвид дека Македонија е членка на Енергетската заедница на ЈИЕ, таму имаме и одредени обврски што сме ги презеле, така што заедничка цел на таа заедница е да создадеме заеднички пазар на земјите од Југоисточна Европа кој ќе биде како ,,претсобје" на европскиот пазар, односно енергетскиот пазар и систем и сите чекори што ги прави Македонија треба да бидат конзистентни со тоа што се предвидува во рамките на таа заедница и во тој контекст јас би рекол дека идеата што се споменува во последно време за Јужнот тек не треба да се гледа изолирано. Во Република Македонија во последно време се работи и на физибилити студијата за гасификација на Македонија каде што се гледаат потребите и можностите, потребите за гасификација и можностите од каде тоа би се случило, при што главен принцип е диверсификација на изворот за снабдување со гас на нашиот систем. Ние сме мал пазар, мал потрошувач и сам по себе тој не би бил економичен, доколку не се земе предвид дека би бил исплатив ако е дел од овие меѓународни гасоводни линии што се најавени и што поминуваат покрај или низ Македонија и доколку во идинина тоа се вклопи во нашата стратегија, тогаш може да се размисли што би значело тоа за Република Македонија. Инаку главна цел треба да ни биде дека Македонија е интересна да биде транзитен коридор за енергетски проекти со што Макеоднија ќе стане и економски и стратешки значајна земја, односно значаен партнер.