Достапни линкови

Анкетна Комисија за собранискиот инцидент


Собрание на РМ
Собрание на РМ

За понеделник се најавува првата седница на Анкетна комисија која треба да го расветли инцидентот во Собранието.

Се подготвуваат стручните служби за расветлување на доказите, а предаседавачот очекува соработка од сите инсититуции, од спикерот Велјановски до врвот на МВР. Иако уште не почнати, на самиот старт се отвора дилема дали седниците треба да бидат отворени за јавноста или пак тие да се од затворен карактер, дали да се прави театар, како што вели Хајрула Месини, претседател на комисијата.
Се надевам дека брзо и прецизно ќе ги најдеме заклучоците кои што ќе одат во насока не да осудиме некого туку да ги подобриме механизмите на работата на нашиот Парламент


,,Мислам дека јавноста треба со подобри теми да се занимава, незаслужува јавноста да се малтретира. На јавноста само и треба да види што ќе биде заклучокот на крајот од целата на работа на Комисија. Не ни требаат вакви театри, треба сите да бидат подготвени да седнат и да разговараат."

Епилогот од Анкетната комисија за физичкото насилство во парламентот е тест за главните ривали дали ќе смогнат сили да воспостават нормален политички дијалог, кога се во прашање одговорност на самите избраници или на полициското раководство. И власта и опозцијата инстираат на што побрзо рачистување на сомнежите кој бил главаниот иницијатор за инцидентот во законодавниот дом меѓу пртатениците:

,,Очекувам работата да има резултати. Доколку искрено се обидуваме како при дискусиите за интерпелациите за Вељановски, за Јанкуловска да ја дефокусираме одговорноста, тогаш може да се случи и обратното. Се надевам дека брзо и прецизно ќе ги најдеме
Нам ни одговора работата брзо да се заврши и вистината да излезе на виделина
заклучоците кои што ќе одат во насока не да осудиме некого туку да ги подобриме механизмите на работата на нашиот Парламент."

,,Мислиме дека преку реална работа граѓаните и медиумите ќе можат да ја доловат вистината, бидејќи ние инститираме да се расчисти, затоа и нема потреба да биде тајна работата, бидејќи нема тајни. Нам ни одговора работата брзо да се заврши и вистината да излезе на виделина."

Велат, пратеникот Илија Димовски член на Анкетната комисија и Гордан Георгиев потпретседател на СДСМ.
Како стартуваше есенското парламентарно соочување малкумина од неформално анкетираните пратенци веруваат во одлука на Анкетната комисија што би била прифатлива за СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
XS
SM
MD
LG