Господине Сусман колку Македонија според вас успева да ги користи придобивките кои ги нуди интернет технологијата?
Пред да пристигнам тука, поминав некое време во истражување до каде е земјата во интегрирањето на интернет технологијата. Прочитав за проектот за компјутеризација и бев фасциниран од концептот на секој ученик да му биде овозможен пристап до компјутер. Компјутеризиацијата на населението е насоката во која се стреми да оди интернет технологијата и тоа е многу позитивен чекор нанапред, кој исто така им дава можност на младите луѓе да се снаоѓаат во својата околина. Предизивикот секогаш е во она што ние го нарекуваме дигитална поделеност, кога имате одреден процент од популацијата која може да си дозволи компјутер и друг кој неможе, но се чини дека Македонија паметно ја елиминира дигиталната поделенос. Импресиониран сум од иницијативата и мислам дека тоа во иднина ќе и се исплати на вашата земја.
Колку инвестирањето во интернет технологијата може да помогне во развојот на земјава?
Ако ги гледаме промените во бизнис моделот, способноста да ја работите својата работа е дирекно поврзана со можноста да имате пристап до интернет. Мојата работа можам да ја работам без разлика каде сум доколку имам пристап до бежичен интернет. Можноста да си ја работам својата работа е токму поради пристапот на интернет и токму тука гледаме дека економскиот развој е дирекно поврзан со пристапот до интернетот и гледаме дека многу бизниси брзо се развиваат преку интернет и дека може да се добие најдобра цена со самиот пристап до информациите што ги нуди глобалниот пазар. Тоа ќе и овозможи на Македонија да учествува во тој пазар не само како купувач туку и како понудувач на услуги и производи. Пристапот до таа инфраструктура и вештини како и разбирањето дека интернетот еволуира, посебно во делот на социјални медиуми, ќе биде критичен за успехот на следната генерација во бизнисот.
Моето следно прашање е токму за социјалните медиуми, колку тие го менуваат начинот на комуникација?
Најпрвин кога ќе дојдете во допир со социјалните медиуми тоа е за да комуницирате со околината, но ако погледнете чекор наназад тие ви даваат можност да го промените начинот на рекламирање, како ги презентирате продуктите и како ги креирате организациите и односите, односно на луѓето им овозможува да креираат нови видови на групи. Разговорот што го имав на предавањето беше врз основа на нивното мислење какви беа медиумите, како работат и како се создаваат. Разговаравме и за тоа како да се заштитите себеси и организацијата и вашите информации да не бидат злоупотребени. Тоа е различен начин на искористување на компјутерската технологија и комуникација во поголем социјален систем, кој креира поголем опсег и можност за крирање на групи со кои ќе комуницирате, делите идеи и концепти. Некои луѓе од тука веќе ги користат тие можности на техологијата и ги согледале придобивките за повеќе да делуваат и да се развиваат во нивната социјална околина или во бизнис заедницата.
Колку новите интернет медиуми имаат импакт врз функционирањето на традиционалните медиуми?
Она што го прават новите медиуми на интернет, посебно ју тјуб навистина отвара пристап до информации на многу начини. Фактот дека има камери на секое ќоше, како и можноста се да се сними и фотографира, од една страна треба да не загрижи, но од друга страна ние гледаме дека голем број на студенти споделуваат информации од нивни патувања надвор од земјата, како и информации од настаните во нивните градови и овозможуваат пристап до тие информации.
Интернетот отвора нов пристап до традиционални медиуми, на пример јас можам на интернет да гледам што се случува и што се емитува на локалната телевизиска станица во мојот мал град во Вермонт, како и другите луѓе кои во моментот не се присутни во нивната земја, но се повразни и се инфомирани за тамошните случувања. Таквата поврзаност за некое време ќе ја зголеми улогата на традиционалните медиуми, на површина ќе излезе она што сега не функционира и на што ќе треба да се работи, а тоа е новиот бизнис модел за кој треба да се размисли, како да се поддржи таков пристап на плаќање кој ќе се разликува од претходниот модел. Тоа може да е он лајн маркетинг или да се плаќа преплата. Секоја организација ќе мора да си смисли свој модел кој најмногу ќе и одговара за да може да напредуваат. Јас мислам дека интернетот ќе им даде поголема распространетост и пристап до нивните информации на традиционалните медиуми.