Претседателот на Светската фудбалска федерација ФИФА, Сеп Блатер отвори профил на социјалната мрежа Твитер, на која, во 140 знаци ги запишува своите импресии од Мундијалот.
Блатер и се придружи на социјалната мрежа, вчера, непосредно пред започнувањето на првенството.
„Бев неверојатно погоден од атмосферата. Чуствував дека публиката, исто како и јас, со нетрпение го очекуваше почетокот на Светското првенство“, напишал Блатер по церемонијата за почеток на Мундијалот кој за прв пат се одржува во Африка.
Блатер поставува и линкови до официјалната интернет страница на ФИФА. Веќе има речиси 14 илјади луѓе што го следат Блатер на Твитер.
Блатер и се придружи на социјалната мрежа, вчера, непосредно пред започнувањето на првенството.
„Бев неверојатно погоден од атмосферата. Чуствував дека публиката, исто како и јас, со нетрпение го очекуваше почетокот на Светското првенство“, напишал Блатер по церемонијата за почеток на Мундијалот кој за прв пат се одржува во Африка.
Претсеадтелот на ФИФА Сеп Блатер и јужноафриканскиот претседател Јакоб Зума пред почетокот на првиот натпревар на Мундијалот меѓу Јужна Африка и Мексико.
Претходно Блатер запишал дека е почестен што се сретнал со играчите, на кои им посакал среќа, пред првиот натпревар на шампионатот меѓу домаќинот Јужна Африка и Мексико кој заврши 1:1.Блатер поставува и линкови до официјалната интернет страница на ФИФА. Веќе има речиси 14 илјади луѓе што го следат Блатер на Твитер.