Достапни линкови

Дневен печат


Нови поскапувања во текот на есента, превработувањето во јавната администрација, се дел од темите во дневниот печат.

Во летниов период, особено пресекот помеѓу јули и август одат на одмор оние кои кај нас, обично и особено, ги полнат страниците и минутите во медиумите – министрите, пратениците, партиските извршители, па така, стивнуваат и ’дешавките‘ за кои информираат новинарите. Речиси и да нема тема која го привлекува вниманието, но работа си е работа, па прегледов мора да се направи.
Нова Македонија, на пример, е засегната од таканаречените „рамковни вработувања“ за кои пишува дека се се' поголем товар за
Весници, магазини, неделници...
администрацијата, а потсетува и на двете предупредувања од амбасадорот на ОБСЕ во земјава, Хозе Луис Хереро, дека вработувањата според Рамковниот договор не треба да предизвикаат превработеност во и онака гломазната администрација. Инаку, Македонија имала меѓу 120 и 150 илјади вработени во јавната администрација, тврди Нова Македонија, а не требало да има повеѓе од 70 илјади.

Истиот весник ја опсервира и темата за упорното држење на цврстиот курс на денарот и пишува дека повеќе од 15 години Народна Банка и Владата го прекршуваат Законот за девизно работење со тоа што упорно спроведуваат политика на фиксен курс на денарот, од што штетите што досега ги претрпеле македонските производители, извозниците и воопшто, македонската економија, биле големи. Весникот цитира економски експерти кои сметаат дека лизгачкиот курс за денарот би бил подобра опција за наши услови.

Кога сме кај економските теми, Утрински најавува дека во септември се' ќе поскапело, а Дневник истово прашање го става во наслов „Жешка ценовна есен“, наведувајќи дека допрва не' чекале нови поскапувања на почетокот на есента, кога трошоците и онака се зголемуваат поради новата школска година и почетокот на грејната сезона.

Време им обрнува внимание на поплаките од свештените лица, кои се жалат од премногу бесплатна работа: „Поповите се сити од државните лопати“ насловува весникот и цитира анонимно свештено лице кое вели дека државата секојдневно ги ангажирала за нејзина промоција, и тоа бесплатно, па не можеле да си ги извршуваат своите редовни обврски, а од друга страна ни удира огромни даноци, се жали попот во Време.

Вечер, на насловната, ја објавува изјавата на претседателот на Комисијата за лустрација Јанаке Витановски, со која тој се покајува што пред некој ден пред тоа изјави дека МВР направила упад во работата на Комисијата со тоа што министерката Јанкулоска експресно му дала потврда на главниот уредник на Вечер, Латас, дека не бил соработник на странски разузнавачки служби. Насловот е: „Латасе, молим те, извини!“

Инаку, за постапката на Витановски информираат и Утрински и Дневник, задржувајќи се на фактот дека Витановски излегол со скандалозно признание дека на јавноста и' соопштил погрешни информации и дека тоа било негов личен став!
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG