Навраќање на минатото и значењето на двата Илиндени, нагласување на желбата за интегрирање во НАТО и во ЕУ и пораки до Грција да го прифати постоењето на Македонија и на Македонците. Вака на делови би можел да разложи илинденскиот говор на претседателот Ѓорге Иванов на Пелинце.
Во сличен стил беше и говорот на премиерот Никола Груевски на Мечкин Камен во Крушево. Користејќи мноштво цитати од светски државници, Груевски посвети добар дел од говорот да се пофали за успесите во процесот на евроинтеграциите и во справувањето со светската економска криза.
И премиерот и претседателот настапија со слични пораки во однос на спорот за името со Грција – Македонија сака да влезе во НАТО и во ЕУ, но достоинствено, а Грција мора да го прифати фактот дека Македонија и Македонците постојат.
На иста линија беа и пораките на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, кој одржа говор и положи цвеќе пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто.
Вељаноски рече дека иако ги исполнила условите, Македонија не влезе во НАТО и не ги почна преговорите со ЕУ, само поради „националниот, културниот и јазичниот идентитет на македонскиот народ“.
„Во нашата историја ова не е прв пат некој да се обидува да го негира нашиот национален и културен идентитет. Но македонскиот народ секогаш успевал да го зачува својот национален идентитет својот јазик својата самобитност“, рече Вељаноски.
Претседателот Иванов, пак, посочи дека блокирањето на македонските евроинтеграции од страна на Грција не придонесуваат кон стабилност на регионот и не соодветствува со целите на ЕУ и НАТО.
„Некои политичари кај нашиот јужен сосед имаат проблем со нашето име и нашиот идентитет. Затоа сакам да знаете дека тука сме да им помогнеме, да го надминат тој проблем и да прифатат она што е реалност - Македонија и Македонци. Затоа потенцирам - Република Македонија многу пати досега покажа дека е подготвена за дијалог, за средби и комуникација како единствен начин за надминување на разликите. Ние, многу пати досега, ја пруживме раката на помирување и разбирање и затоа таа се уште е подадена.“
Премиерот Никола Груевски во Крушево уште еднаш ја повтори македонската заложба за членство во НАТО и во ЕУ.
„Токму на овој пат за членството во НАТО и ЕУ, соочени сме со суровата реалност дека дури и денес во 21 век, се уште сме принудени да ја довршуваме борбата за нашиот идентитет, јазик, име, националност и самоопределување.“
Груевски рече дека за никого не е добро, во ЕУ и во НАТО „да влеземе со низок морал, девалвиран статус и повредени чувства, или како што некои знаат да кажат со свиткана кичма.“
„Не сакаме никому ништо да му одземеме, ниту територија, ниту култура, ниту историја, ниту ништо што е туѓо. Но, не сакаме ниту нам да ни го одземаат она што е наше.“