Достапни линкови

Илир Мета во посета на Македонија


Албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета
Албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета

Албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета денеска е во официјална посета на Македонија.

Албанскиот министер за надворешни работи Илир Мета денеска е во официјална посета на Македонија. Целта на посетата е продлабочување на билатералната соработка меѓу двете земји, евро-атлантските интеграции и регионалната соработка. Особено
Со вклучувањето на Албанија во НАТО мислам дека Македонија доби уште еден сериозен пријател во
НАТО.
внимание ќе се посвети на можностите за интензивирање на економската соработка.

Од осамостојувањето на земјава, па се досега, сите прашања меѓу Македонија и Албанија се затворени и односите им се во нагорна линја, иако големото присуство на албанското малцинство во земјава и внатрешно политичките превирања генерирале меѓуетнички тензии, Тирана никогаш директно не се мешала во тие проблеми, вели политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Антонио Милошоски и Илир Мета

„Со вклучувањето на Албанија во НАТО мислам дека Македонија доби уште еден сериозен пријател во НАТО, а поради внатрешно политичките констелации и етничката структура, јас мислам дека Македонија сигурно во својата
Мораме да ги надминеме сите пречки кои ни стојат на тој пат и тогаш стануваме инттегрален дел на овој процес на безбедносно интегрирање во НАТО и наевропското интегрирање
во ЕУ.
надворешна политика треба да гледа сериозен партнер во Албанија.“

И поранешниот министер за надворешни работи Денко Малески вели дека е изминат долг и добар пат во градењето и подобрување на односите меѓу земјава со нејзиниот западен сосед. Со влегувањето на Албанија во НАТО на Балканот се зголеми безбедносната состојба и сега двете земји треба заедно да работат на членството во Европската унија, вели тој.

„Таа голема рамка е многу важна за целиот Балкан, па и за односите меѓу Македонија и Албанија. Мораме да ги надминеме сите пречки кои ни стојат на тој пат и тогаш стануваме инттегрален дел на овој процес на безбедносно интегрирање во НАТО и на европското интегрирање во ЕУ.“

Мета ќе се сретне со својот домаќин, министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски со шефот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот, Никола Груевски и со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, како и со претставници на албанските политички партии.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG