Достапни линкови

Средба Иванов-Топи


Македонскиот и албанскиот претседател, Ѓорге Иванов и Бамир Топи
Македонскиот и албанскиот претседател, Ѓорге Иванов и Бамир Топи

Македонскиот и албанскиот претседател Ѓорге Иванов и Бамир Топи на денешната средба во Скопје изразија очекување за продолжување на меѓусебната соработка посебно на планот на евроинтеграциите, што како што беше речено ќе ја зацврсне стабилноста на регионот. За време на посетата на Скопје, Топи се сретна и со премиерот Никола Груевски и имаше обраќање пред пратениците во Собранието.

Македонскиот и албанскиот претседател Горѓе Иванов и Бамир Топи по средбата во Скопје изразија очекувања дека во наредниот период ќе продолжи заемната поддршка меѓу Македонија и Албанија во однос на европското и евро-атланското интегрирање и интеграцијата на сите земји од регионот, што како што беше речено ќе ја зацврсне стабилноста на регионот. Двете земји имаат добри билатерални односи кои ги градат низ отворен дијалог, вниманието треба да биде насочено и во правец на економијата, Македонија ќе
За двете земји интеграцијата во евроатлантските структури е незаменлива алтернатива, за натамошен проспертитет и стабилност на нашиот регион.
ја понуди сета помош Албанија да добие визна либерализација, а во однос на евро-атласнките интеграции очекуваме од Албанија да и помогне на нашата земја да го добие она што го заслужува, рече претседателот Иванов.

„За двете земји интеграцијата во евроатлантските структури е незаменлива алтернатива, за натамошен проспертитет и стабилност на нашиот регион. Значаен сегмент во нашите односи треба да биде исто така и економската соработка, која ценам дека воопшто некоренспондира со нивото на политичките односи и со фактот дека сме соседи.“

Иванов рече дека очекува наскоро и визната либерализација да биде достапна за граѓаните на Албанија со што ќе се озвозможи нејзин побрз напредок, а албанскиот претседател Топи рече дека сите треба да имаат правото на слободно движење и оти наскоро албанските граѓани ќе добијат безвизен режим:
Јас можам да го уверам претседателот Иванов, дека Албанија целосно го подржува зачленувањето на Македонија во НАТО и ќе даде целосен придонес во рамки на нејзините можности надевајќи се на што е можно поскоро решение на спорот со Грција

„Јас можам да го уверам претседателот Иванов, дека Албанија целосно го подржува зачленувањето на Македонија во НАТО и ќе даде целосен придонес во рамки на нејзините можности надевајќи се на што е можно поскоро решение на спорот со Грција. Што се однесува на слободното движење на луѓе, Албанија се наоѓа многу блиску до реализацијата на оваа историска цел на Албанците и несомнено високо ја цениме подготвеноста за помош што беше изразена од претседателот Иванов“, рече Топи.

Тој го поздрави спроведувањето на Охридскиот договор кој како што рече придонесува за стабилниот развој на демократските односи и ги повика сите политички партии да се придржуваат кон спроведувањето на Договорот, верификуван од меѓународната заедница:

„Нас ќе не радува секаде во регионот на Балканот да имаме Охридски Договор, тоа што го прави Македонија во однос на етничките, религиозните заедници да го имаме секаде во регионот. Охридскиот Договор е отворен проект, тој влезе во нашиот Устав и како таков тој е дел од нашиот политички систем“, рече Иванов.

На средбата во Скопје беше пренесена и поканата од косовскиот претседател Фатмир Сејдиу за одржување нова регионална средба меѓу претседателите на Македонија, Косово и Црна Гора како она во Подгорица, што се планира да се одржи во јуни во Призрен. За време на посетата претедателот Топи покрај со неговиот домаќин Иванов се сретна и со премиерот Никола Груевски и имаше обраќање пред пратениците во Собранието, а планирани се и средби со лидерите на ДУИ, ДПА, НД и на СДСМ.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG