Достапни линкови

Нема пречки за дипломатски односи со Косово?


Косовското знаме
Косовското знаме

Според експертите не постојат пречки за воспоставување на дипломатски односи со Косово и ова прашање не треба да се одолговлекува. Во меѓувреме, македонската и косовската страна тактизираат.

За прашањето за воспоставување на дипломатски односи на амбасадорско ниво, не е разговарано на владина седница, велат во Владата. Портпаролот на МНР, Петар Чулев, вели дека нема временски рок до кога треба да се воспостават дипломатски односи. „Нема временска определба за прашањето за воспоставување дипломатски односи со Косово. Тој чин ќе се случи кога владите на двете држави ќе проценат дека е најповолен момент и оти се создадени неопходните услови“, вели Чулев, откако портпаролот на косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, Џавит Беќири најави дека Приштина и Скопје, наскоро, ќе имаат односи на амбасадорско ниво, а Македонија и Косово ќе воспостават билатерални односи. Со секое одолговлекување на воспоставувањето на дипломатски односи со Косово се испраќа лоша дипломатска порака од нашата земја, вели професор Назми Малиќи. Малиќи не се согласува со тезата дека прво треба да се исцрта
Тоа е политичка процена, дали се сака да се воспостават и воспоставувањето се користи како политички притисок или гратис, меѓутоа тоа е политички опортунизам, правно нема никакви пречки да се воспостават
границата меѓу Македонија и Косово, па дури потоа да се воспостават дипломатски односи на амбасадорско ниво.

,,Напротив јас мислам дека дипломатските односи ќе го забрзаат тоа решение и одредени проблеми доколку постојат со границата, и некои други проблеми кои се на ,,линијата,, дипломатски односи меѓу Македонија и Косово."

Порнешниот министер за надворешни работи Љубомир Фрчкоски се согласува дека нема правни прчки за да се одолговлекува отворањето амбасади, иако демаркацијата на гранцицата не е завршена.

,,Тоа е политичка процена, дали се сака да се вопстават и воспоставувањето се користи како политички притисок или гратис, меѓутоа тоа е политички опортунизам, правно нема никакви пречки да се воспостават."

Владата продолжува со предрасудите кон соседните држави каде што живает Албанци, вели Фрчкоски.

,,Нашиот однос генерално кон Косово, е спор, слаб и без концепти и затоа чекор по чекор се одивива, и под притисок функционира и во
Напротив јас мислам дека дипломатските односи ќе го забрзаат тоа решение и одредени проблеми, доколку постојат со границата
таа смисла е погрешен, бидејќи Косово и Албанија за нас се регионални стратешки важни парнтери и во таа смисла, албанското малцинство во Македонија, меѓутоа и реалните шанси за економски развој и соработка, треба да се одвива без предрасуди."

Неколку мали, радикални партии на Албанците, поддржани и од здруженија на граѓани, меѓу кои и студентите од Тетовски универзитет бараат Македонија да се федерализира по примерот на Белгија и Швајцарија. Меѓуетничките односи може да ги наруши само нефункционирањето на правната држава, вели Малиќи, но не ја исклучува можноста и косовското прашање да ги подгрева тензиите.

,,Па нормално дека може и тоа ќе има во иднина некое влијание."

Македонија ја призна независноста на Косово лани во ноември. Односите меѓу двете земји се заладија по непоканувањето на косовскиот претседател фатмир Сејдиу на инаугурацијата на претседателот Ѓорѓе Иванов, а кулминираа со одложувањето на официјалната посета на Сејдиу на Македонија, поради измената на карактерот на посетата од официјална во работна.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG