Достапни линкови

Цветанов – Селективна борба против криминалот


Ване Цветанов, досегашниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
Ване Цветанов, досегашниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам

Ване Цветанов ја обвинува владата дека нема интерес и желба за борба против криминалот.

Моето оцрнување е порачка на премиерот Никола Груевски, а антикорупционерот Илми Селами е извршител на порачката, обвинува поранешниот директор на Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Ване Цветанов.
,Вчера се потврди дека голготата низ која што поминав јас и Управата цела една година, била лично од премиерот Груевски, затоа што фактите се потврдија дека една институција за борба против криминалот беше уништувана за на крај дури и да ја
оцрнат.


„Вчера се потврди дека голготата низ која што поминав јас и Управата цела една година, била нарачана лично од премиерот Груевски, затоа што фактите се потврдија, дека намерно и систематски една институција за борба против криминалот беше уништувана за на крај дури и да ја оцрнат.“

Тој додава дека жали што неговата партија ВМРО-ДПМНЕ реагирала на таков начин.

„И жално е што со манипулации на членството се обидува да објасни дека има некаква борба против криминалот, која што тврдам дека на некој начин се води поединечно, систематски за различни случаи, тука не постои систем за борба против криминалот, ниту пак постои интерес за градење на систем за борба против криминалот. Еве поминаа четири години од мандатот на владеење на Никола Груевски каде се резултатите?“

Премиерот Никола Груевски на митинг во Скопје

Цветанов вели дека има многу случаи на криминал кои се уште не се се објавени.

„Има уште огромен број на случаи кои не се излезени и не знам дали ќе излезат затоа што не ја гледам вистинската волја и желба за борба против криминалот.“
Има уште огромен број на случаи кои не се излезени и незнам дали ќе излезат затоа што не ја гледам вистинската воља и желба за борба против
криминалот.


Цветанов вели дека претседателот на Антикорупциската комисија Илми Селами ја исполнил нарачката за негова смена и најави дека ќе го тужи за злоупотреба на службена должност и овластување. Но, познавајќи го „нашиот систем“, како што вели тој, ќе видиме што ќе се случи. Селами, пак вели дека изјавите на Цветанов се несериозни.

„Со кои што произлегува дека цела Македонија, сите луѓе му се виновни затоа што тој треба да си замине од една функција за која што согласно неговото работење произлегува дека не ја заслужил.“

Професорката Слаѓана Тасева вели дека во ваква ситуација треба активно да се вклучи Јавниот обвинител за да испита што е точно од тврдењата на Ване Цветанов, затоа што тоа се сериозни обвинувања.Таа додава дека без реакција од Јавен Обвинител за случајот се остава поинаков впечаток во јавноста.
Слаѓана Тасева

„Сето ова покажува дека нашиот систем на владеење на правото и борба против криминалот не функционира онака како што е поставен во законите, туку функционира на друг начин, контролирано и управувано од страна на одреден центар што е апсолутно недозволиво и не е владење на правото, туку тоталитаризам и анархија.“

Контроверзите и дилемите треба да се расчистат со помош на надлежните институции, а со вклучувањето на Јавниот обвинител ќе може да потврди дали власта сериозно сака да се справува со криминалот, вели Тасева.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG