Достапни линкови

Корупцијата без разрешница


Подмитување
Подмитување

Нема успешна борба против корупцијата без судска разрешница на случаите за коруптивни дејства, укажуваат експертите.

Предметите за спречување на корупцијата немаат судска разрешница, поради неефикасноста и политизираноста на институциите, велат експертите. Претседателот на Антикорупциската комисија, Илми Селами изјави дека судските епилози се најдобра превентивна мерка за оние кои што сакаат да влезат во коруптивни дејства и порача дека политичката волја е клучна во борбата против корупцијата, која треба да биде рутинска и постојана.

Факт е дека постапките за спречување на корупција, кои се проследуваат до
Кога ќе се отвори постапка против такви лица, на некој начин се алармираат сите ѕвона кои ги имаат политичките структури и на тој начин можеби директно или директно се влијаее и врз работата на Јавното обвинителство и судовите.
Јавното обвинителство одат споро, бидејќи извршителите на тие дела најчесто се лица блиски до власта, вели поранешниот антикорупционер Драган Малиновски.

„Кога ќе се отвори постапка против такви лица, на некој начин се алармираат сите ѕвона кои ги имаат политичките структури и на тој начин можеби директно или директно се влијаее и врз работата на Јавното обвинителство и судовите.“

Закони има, но недостасува ефикасност во нивното имплементирање, потребна е и поголема ефикасност на институциите во борбата против корупцијата и нивна взаемна комуникација и соработка, вели претседателот на Транспарентност Нулта Корупција, Слаѓана Тасева.

Проф. Др. Слаѓана Тасева
„Многубројни се мерките коишто треба да се работат и во однос на тоа активностите, резултатите на нашите институции се многу лоши и би рекла дека тие многу повеќе генерираат корупција, отколку што ја спречуваат.“
Мора да градиме институции, пред се Јавно обвинителство и судови кои се
автономни.

Влијанието на политиката во институциите мора да се спречи, ако сакаме да оствариме позитивен резултат, вели Малиновски.

„Мора да градиме институции, пред се Јавно обвинителство и судови кои се автономни кои имаат сопствен интегритет и кои би можеле да се справат со ова.“

Минатиот месец, Брисел им порача на македонските власти да продолжат со спроведувањето на реформите, доколку не сакаат следниот извештај на Европската комисија за напредокот на земјава да биде негативен. Меѓу најсериозните забелешки беа наведени мешањето на политката во судовите и корупцијата во апелационите судови.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG