Достапни линкови

Владата дава селективни одговори?


Зградата на Владата на Р. Македонија
Зградата на Владата на Р. Македонија

Според аналитичарите, владата избегнува да сподели информации за суштински прашања за јавноста дефокусирајќи го вниманието.

Владата не кажува колку му должи на приватниот сектор. Медиумите шпекулираат со неколку бројки, од 80 милиони евра за враќање на ДДВ кон домашните фирми до неплатени градежни работи. Министерот за финансии Зоран Ставрески и премиерот Никола Груевски, во неколку наврати вешто избегнуваат да одговорат со бројка, колкав е навистина долгот кон стопанството. Груевски само додава дека на
Се разбира секогаш кога ќе оцениме дека со одредени изјави се врши искривување на фактите или тие изјави не се базираат на реалност, на фактички информации, заради објективно информирање на јавноста, нужно е да се произнесеме
и ние.
градежните фирми кои го градат „Скопје 2014“, Владата не им должи пари. Дел до експертите излегоа во јавноста со нивна проценка на вистинската големина на долгот, но експресно беа демантирани. Владиниот портпарол Мартин Мартиновски вели дека Владата никогаш не дискредитирала некого.

„Се разбира, секогаш кога ќе оцениме дека со одредени изјави се врши искривување на фактите или тие изјави не се базираат на реалност, на фактички информации заради објективно информирање на јавноста, нужно е да се произнесеме и ние и да кажеме свое мислење по одредено прашање.“

Но, запрашан зошто нема одговор на одредени новинарски прашања, Мартиновски одговара дека институциите се секогаш отворени за комуникација и во рамките на можностите, пласираат информации за јавноста.

Мартин Мартиновски

Андреј Петров од СДСМ вели дека Владата, со честите деманти на експертските ставови и несподелувањето на информациите демонстрира немоќ.
Изместена комуникација каде наместо за прашањата и решенијата за мир, се зборува исклучиво или за самите личности, нивна дисквалификација и слично.

„Состојбата нема да се поправи со тоа што тие упорно ќе демантираат или по сто пати ќе повторуваат една лага, мислејќи дека на тој начин таа ќе вроди плод кај граѓаните.“

Комуникологот Сеад Џигал вели дека со одвлекување на вниманието, фокусот не е на информацијата туку на кредибилитетот на тој што ја дава информацијата.

„Изместена комуникација, каде наместо за прашањата и решенијата за мир, се зборува исклучиво или за самите личности, нивна дисквалификација и слично. И се оди токму кон таа цел, значи да се одбегнат одговорите, да се скријат информациите кои што треба да дојдат до јавноста.“

Џигал додава дека последица од ваквата комуникација е стимулирање на апатичност на граѓаните, создавање на медиумски центри кои се блиски Власта или до опозицијата, воспоставување на негативна комуникација и медиумско препукување, кое не е од корист на граѓаните.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG