На 12 јули, 50-тото издание на Охридско Лето ќе биде отворено со концерт на најдобриот македонски пијанист со светско реноме, виртуозот Симон Трпчески, кој неколку пати има гостувано на фестивалот, а сега ќе се претстави како солист на Античкиот театар во Охрид со спектакл режиран од нашиот познат режисер во Русија Иван Попоски. Програмата за свеченото отворање и јубилејното издание на најголемиот фестивал од културата кај нас и еден од најстарите на Балканот е официјално објавена две-три недели пред почетокот на летото, што според организаторите ќе биде во знакот на ретроспективата со уметнички имиња кои ги одбележале изминатите пет фестивалски децении.
„Симон Трпчески го заслужува тоа место, пред се поради тоа што е Македонски уметник, а ние особено за јубилејот не смееме да го запоставиме фактот дека нашите уметници мора да бидат присутни. Се бараше и оркестар кој ќе соодветствува на настанот, посебно со Трпчески. Мислам дека е најден вистинскиот оркестар, тоа е Рускиот национален оркестар, под диригентска палка на еден од најдобрите светски диригенти Михаил Плетњов, кој е и пијанист, што гостувал на фестивалот два пати до сега“, вели в.д. директорот на Охридско лето Васил Зороски.
Тој потврдува дека до 20 август, во 40-те фестивалски денови ќе има 25 концерти, 13 театарски, една балетска претстава и еден гала оперски концерт на 4 август, кога пред 50 години во катедралата Света Софија, нашата оперска дива Ана Липша Тофовиќ, го означи роденденот на фестивалот. Меѓу настапувачите ќе има светски познати имиња, вели тој.
„Хајнрих Шиф, познат челист од Австрија, кој сега се занимава и со диригенство, виолинистот Виктор Третјаков од Русија кој ќе настапи со синот на Леонид, диригентот Павел Коган, кој ќе диригира со Македонската филхармонија, еден од најдобрите светски виолонисти Џулијан Рахлин, чиј концерт веројатно ќе биде врв во музичкиот дел заедно со светски познатите пијанисти Николај Лугански и Рамзи Јаса, и чешкиот виолинист Вацлав Ходечек, кој ќе гостува со Барокниот камерен оркестар. Сите овие уметници, до сега, по неколку пати настапувале на Охридско Лето.
Зороски, во драмскиот дел, го издвојува театарот ’Вера Комерсажевска‘ од Санкт Петерсбург, единствена премиера ќе има Драмскиот театар од Скопје, а летото ќе го затвори прилепскиот ’Војдан Чернодрински‘ со наградената претстава Кавкаски круг со креда, во режија на Мартин Кочовски.
Низ 50-тото Охридско лето ќе продефилираат повеќе домашни и странски уметници, оркестри и ансамбли, ќе има ликовни изложби и офф програма, ќе биде пуштена јубилејна поштенска марка, а ќе биде промовирана и монографија. Во пресрет на златниот јубилеен фестивал, министерката за култура го разреши досегашниот директор Тони Симоноски, официјално поради незаконско работење.
Деновиве се очекува да се пуштат во продажба билетите за отворањето на летото чија цена ќе биде од 30 до 50 евра за античкиот театар, каде се очекуваат од две до три илјади гости.