„Вечер на оперска музика„, претпремиера на претставата „Крпен живот„ во режија на Владо Цветановски, а во изведба на прилепскиот ансамбл, целовечерен концерт на реномираниот хор „Џидонис„ од Латвија се само дел од богатата понуда на годинешното културно лето, што по традиција го организира прилепскиот Центар за култура. Оваа манифестација ќе биде вистинско освежување за љубителите на културата во летните пеколни горештини.
„Ќе биде изведена богата програма, ќе биде застапен Моцарт, Чајковски, Рахмањинов и повеќе арии од Верди, што значи една убава и широка програма прифатлива за поширокиот слој на граѓаните, значи и оние кои недоволно можеби ја познаваат класичната музика ќе може да уживаат во она што ќе го понудат нашите гости.“
вели Каролина Мицеска, портпарол на Центарот. Може да се проследат и изложби на истакнати уметници од Прилеп и пошироко, концерти на староградска, рок музика, бројни гостувања на уметници од другите градови. Ќе гостува штипскиот театар со претставата „Жените на Џејк„, актерката на кумановскиот театар Верче Ристовска, ќе ја изведе монодрамата „Лидија„ во режија на Александар Ивановски, потоа вечер на популарна музика, со „Христо и пријателите„, концерт на џез фанк рок групата „Џозефин Саспендерс„, на групите „Паркети„, Баклава...
„Повеќето од настаните ќе бидат поставени и претставени на отворена сцена, значи на летната сцена на плоштадот „Александрија„, исто така ќе имаме содржини и на мултимедијалното плато во Варош.“
вели Тони Чатлески, директорот на Центарот за култура. Тој истакнува дека Министерството за култура по подолго време единствено на прилепскиот Центар му додели средства за финансирање на оваа манифестација.
„Влезот за сите настани е слободен. Имаме средства одобрени за културното лето, доделени од Министерството за култура и дел се од сопствени приходи и на тој начин ние ја реализираме програмата.Знаеме дека самите граѓани се во тешка ситуација, значи ако ние земаме, ако наплатуваме и влезници, некој што го сака da го проследи тоа, не може да си го приушти. Така да културата сепак е таа што дава како производ, а тешко зема.“
За љубителите на филмот, Центарот од 15-ти овој месец до 1- август ќе обезбеди кино-проекција на 10-ина избрани филмови. На овој начин ќе се врати шармот на кино-проекциите зашто Прилеп и прилепчани повеќе од 15 години не можат да ја уживаат оваа уметност, бидејќи во градот не работи ниту едно од поранешните 3 кина. Граѓаните „жедни„ за култура ќе ги консумираат сите овие убавини до крајот на август.
Ќе биде изведена богата програма, ќе биде застапен Моцарт, Чајковски, Рахмањинов и повеќе арии од Верди, што значи една убава и широка програма прифатлива за поширокиот слој на граѓаните, значи и оние кои недоволно можеби ја познаваат класичната музика ќе може да уживаат во она што ќе го понудат нашите гости