Достапни линкови

50 години Охридско Лето


Охрид
Охрид

Грандиозен музичко-сценски спектакл на Античкиот театар на свеченото отворање по традиција на 12-ти јули и 50-тина приредби, со 70 проценти музичка и 30 проценти драмска уметност, до 20-ти август,кога ќе биде затворен Фестивалот Охридско Лето.

Со ваков концепт збогатен со многу познати уметнички имиња, ансамбли и театри што веќе настапувале и нови изведувачи, оф програма, изложби, монографија за уметниците вградени во петдецениското постоење и признанија на луѓето кои дале печат на
Ќе се направи една ретроспектива, сето она што значело 50 години фестивал Охридско Лето. Голем број Македонски уметници кои учествувале ќе бидат поканети и како гости и како изведувачи, но и странски уметници што дале белегот на овие 50 години ќе бидат гости и учесници на Охридско Лето. 50 годишното фестивалско издание ќе биде во стилот на емоции и квалитет. Бидејќи голем број од уметниците од Македонија живеат со Охридско Лето, голем број од нив почнале со фестивалот и потоа ги направиле своите светски турнеи и кариери.
фестивалот ќе биде одбележано 50 годишното јубилејно издание на нашата најстара и најзначајна музичко-сценска манифестација Охридско Лето, која е една од најстарите на Балканот.

„Ќе се направи една ретроспектива, сето она што значело 50 години фестивал Охридско Лето. Голем број Македонски уметници кои учествувале ќе бидат поканети и како гости и како изведувачи, но и странски уметници што дале белегот на овие 50 години ќе бидат гости и учесници на Охридско Лето. 50 годишното фестивалско издание ќе биде во стилот на емоции и квалитет. Бидејќи голем број од уметниците од Македонија живеат со Охридско Лето, голем број од нив почнале со фестивалот и потоа ги направиле своите светски турнеи и кариери“, вели Тони Симоновски директор на фестивалот Охридско Лето.

Програмата за свеченото отворање сеуште е тајна. Во опција се три варијанти, за што е преговарано, има понуди, а изборот наскоро ќе го направи управниот одбор на фестивалот. Неколкуилјадната публика, во која ќе има државници од регионов,политичари,познати јавни личности, но и високи гости од странски фестивали и асоцијации, на отворањето на фестивалот на Антички најверојатно ќе видат светски позната музичка звезда, во настап со голем ансамбл на сцената како микс на странски и домашни уметници. Роденденското издание на Охридско Лето, 50 години откако на 4 август 1961 година во Света Софија темелите на фестивалот ги постави нашата славна оперска дива Ана Липша Тофовиќ, ќе го одбележат и уметници од Охрид.

„Тенденција е навистина фестивалот Охридско Лето да е на градот Охрид и на Македонија, па секако дека ќе имаме и Македонски изведувачи. Во преговори сме со познатиот џез уметник Владимир Василевски Четкар, кој има светска популарност. Од почит кон нашиот сликар Вангел Наумовски ќе имаме негова изложба на 50 годишното фестивалско издание,за што веќе има голем интерес, се избираат сликите и место каде ќе бидат изложени неговите дела“, најавува Симоноски.

На златниот фестивалски јубилеј ќе му претходи ударна промотивна кампања, а за овој редок повод ќе биде отпечатена и пуштена придогна поштенска марка. Фестивалот Охридско Лето како најрепрезентативен бренд во нашата понуда во културниот туризам, што се очекува да привлече и голем број гости ова лето, минатата година се претстави во Тирана и Виена, а годинава на саемот за туризам во Охрид, фестивалот Сараевска зима и неодамна на конгресот на Европската асоцијација на фестивали во Мерано, Италија.
XS
SM
MD
LG