Во втората половина од јули Охрид видливо е помалку посетен од минатите години. Наместо да се бара кревет повеќе, што било вообичаено за туристичкиот шпиц во летната сезона, сега низ Охридските улици повеќе има станоиздавачи од туристи, кои на секој чекор нудат сместување. Слободни места има во хотелите, приватните соби, апартмани и авто камповите. Изминатите денови се раздвижи градот и плажите, но гостите претежно тука остануваат само за викендите. За слабата посетеност, со која во првата половина од јули градот беше празен, со помалку гости дури и од април, според туристичките работници причина беше лошото време,економската криза и несигурноста на луѓето како ќе биде утре, опасноста од новиот грип, зголемените цени во угостителските објекти и слабата промоција на Охрид на меѓународните туристички саеми,за што нема соработка меѓу државата и општината.
„Посебна одговорност понесуваат туристичките агенции,кои знаат во земјите од опкружувањето да одат и да закупат полно за празно легло, додека тоа во Охрид и Струга не знаат да го направат. Сигурен сум дека луѓето кои имаат квалитетно приватно сместување а и сопствениците на хотелите, кога би дошла агенција да побара закуп полно за празно, би добиле специјални цени, кои би биле минимум на ниво од тоа што го плаќаат во Турција, Грција или Египет, дури и пониски. Имаме уште еден сегмент што треба да се додаде,а тоа е немањето на настани. Знаеме дека во моментот кога се случува нешто во местото, ако тоа добро маркетиншки се изрекламира, тогаш и посетеноста ќе се зголеми“
вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ, хотелиер од Охрид,според кого договорените аранжмани со странските тур оператори од Бугарија,Турција,Израел и други земји носат гости, но само доколку има директен авио превоз за Охрид или Скопје,без што попусто се инвестира во туризмот. Меѓу ретките странци во Охрид ова лето ги има Србите, иако во доста помал број од лани.
„Јас и мојот сопруг во Охрид доаѓаме веќе шест години, и презадоволни сме од услугата, рестораните,угостителството и забавата ви се одлични,сместувањето е прекрасно , а и фестивалот Охридско Лето нуди богата програма. Сме виделе многу светски туристички дестинации, но секогаш го избираме Охрид бидејќи има пријатна клима, со убава природа,вашето езеро е како море,имате вредно културно-историско наследство,и тука најдобро се одмараме.Ова е еден рај кој мора да го чувате, кој ќе вид донесе и странски инвестиции доколку се погрижите да не го нарушите урбанистички.“
„Забележуваме дека не се вложува баш многу во Охрид,кој е еден бисер,од кој може да се направи една светска атракција. Во Охрид луѓето се гостопримливи, а и цените за нас се поволни. Ние им го препорачуваме Охрид на нашите пријатели, бидејќи тие сега го откриваат. Во последните години во Србија се промовира Охрид, но треба на тоа да се работи повеќе.“
велат Весна Марковиќ и Балша Бацковиќ, редовни гости во Охрид од Белград,Србија. По туристичкиот колабс во првата половина од јули, Охриѓани се надеваат на подобра посетеност во периодот од 20-ти јули од 20-ти август,за да се поправи лошата туристичка слика во оваа летна сезона.
Посебна одговорност понесуваат туристичките агенции,кои знаат во земјите од опкружувањето да одат и да закупат полно за празно легло, додека тоа во Охрид и Струга не знаат да го направат.