Достапни линкови

Зголемување на просечните температури


Климатското сценарио за Македонија опфаќа предвидувања за 25, 50 и 100 години. За 50 години се предвидува дека просечната температура треба да се зголеми за 2,3 степени. Иако на прв поглед ова не изгледа загрижувачки, во земјоделството се очекуваат одредени последици.

Подолгорочна тендеција е дека ќе има зголемување на просечните температури, иако во овој период гледаме поинакви знаци. Врнежите се сезонски односно на секои 30 години има циклични појави па еден период е сушен, а друг како актулениов е поврнежлив, но погрешен заклучек е дека климатските варијации ќе ги сменат трендовите што се предвидуваат во подолг период, вели Професорт Ордан Чукалиев кој има искуство на работење во тим за климатски промени.
Предности ќе има иако во моментов неможеме да кажеме како би ги искористиле. Негативните работи ги знаеме поради тоа што во Македонија основен проблем во земјоделството е недостиг на вода.


„Ова може да биде поволно за земјоделците во оваа вегетациона сезона, меѓутоа не можеме да кажеме дека и наредната би била ваква, или дека една година ќе смени тренд кој што е веќе 30-40 годишен. Кога ќе се земе на подолг рок сепак нема да имаме многу вакви години.“

Како пример тој ја наведува 1993 та година кога имавме сушен период. Друго е прашањето дали како последица на глобалното затоплување може да се очекуваат само повеќе сушни периоди или екстреми. Ова е една од присутните дебати.
Светозар Петковски

„Никој не ги истражува на пример евентуалните варијации како што е оваа година. Што ако ние посадиме маслинки или калинки, една година е доволно да ги смрзне, значи тоа е! Предности ќе има иако во моментов не можеме да кажеме како би ги искористиле. Негативните работи ги знаеме поради тоа што во Македонија основен проблем во земјоделството е недостиг на вода.“

Климатското сценарио за Македонија опфаќа предвидувања за 25, 50 и 100 години. За 50 години се предвидува дека просечната
Ова може да биде поволно за земјоделците во оваа вегетациона сезона, меѓутоа неможеме да кажеме дека и наредната би била ваква, или дека една година ќе смени тренд кој што е веќе 30-40 годишен.
температура треба да се зголеми за 2,3 степени. На прв поглед ова не изгледа загрижувачки, но во земјоделството во неколку групи се опфатени очекуваните последици. Ќе работиме во отежнати услови на зголемени температури и во услови на намалени врнежи, особено во вегетацискиот период. Зголемената температура може да овозможи и серија на позитивни работи. На пример, најверојтно ќе има подолг вегетациски период. Од биолошки аспект, студијата која ја изработија домашните експерти кажува дека климтските промени може да предзивикаат штети најмногу врз планинските екосистеми, кај растенијата и животните кои се во највисоките планински зони.

„Медитерански елементи сега ќе навлезат во долините. Ќе почнат да се качуваат нагоре и оние што се највисоки планински елементи практично нема каде да одат нагоре и постои опасност да исчезнат“, вели д-р Светозар Петковски од Природонаучниот музеј.

Во растително производство, доколку нема наводнување ќе има пагање на приносите поради штетното вијание на топлината и сушата. Во услови на наводнување би имало и постигање на повисоки приноси. Но, во системи за наводнување треба да се инвестира. Исто така и во сточарството ќе мораат да се менуваат системите на одгледување поради високите температури. Ова покажува дека земјите може да бидат повеќе или помалку погодени од промените во климата во зависност од тоа колку имаат економска моќ да инвестираат во надминувањето на штетните влијанија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG