Дожд, ветришта од 100 километри на час, па потоа сонце, малку снег и повторно топло време. Експертите на Обединетите нации велат дека Македонија нема да биде поштедена од глобалните климатски промени.
Пеце Ристевски од Управата за хидрометеоролошки работи вели дека климатските промени влијаат негативно врз временските услови.
,,Најглавни елементи и климатски параметри кои што ќе сменат се температурата на воздухот и врнежите, меѓутоа ќе има реперкусии и врз другите климатски параметри, потенцијалната аспирација, облачноста итн.„
Светската здравствена организација работи на проект за заштита на здравјето на луѓето до климатските промени. Раководителот на проектот, Маргарита Спасеновска вели дека топлотните бранови и големите темпертурни разлики влијаат негативно врз здравјето на луѓето.
,,Климатските промени влијаат врз здравјето од неколку сегменти, големите промени кои што се случуваат во температурите, тие промени доведуваат до големи влијанија кај хроничните болни, значи варијациите кои што се случуваат во пролетните и есенските периоди, понатаму имаат влијание врз хроничните болни, луѓето кои што примаат одредена терапија.„
Невладините организации велат дека во Македонија многу малку се работи на превенцијата од климатските промени. Искра Стојковска од еколошката организација Фронт вели дека стратегиите и идеите за превенција од климатските промени се само на хартија.Стојковска смета македонската индустрија не внимава доволно на еколошките стандарди кои се дефинирани во нашите и воевропските закони.
,,За жал мислам дека за голем број компании ние сме депонијата на Европа, бидјеќи компанија како ОКТА не би можела ни во најлудиот сон да помисли да има таков тип на производство и особено не таков однос кон локалното население и сето тоа го прави со премолчена дозвола на авторитетите.„
Заменикот министер за животна средина, Соња Липиткова вели дека интезивно се работи на проекти кои ке помогнат во намалување на штетните гасови во воздухот и превенција од климатски промени..
,,Заедно со сите научни институции и владини институции работиме на полето на сузбивање на несаканите дејствија пред се да бидеме подготвени од она што не очекува и стратешки да пристапиме кон промена на земјоделските култури, кон промена на водните биланси, како со тоа да се соочиме и понатаму да ги разрешуваме проблемите.“
Во Европскиот извештај за напредокот на Македонија забележан е прогрес во донесувањето на европските закони и стратегии . Екологистите велат дека проблемот лежи во целосното спроведување на овие закони.
Пеце Ристевски од Управата за хидрометеоролошки работи вели дека климатските промени влијаат негативно врз временските услови.
,,Најглавни елементи и климатски параметри кои што ќе сменат се температурата на воздухот и врнежите, меѓутоа ќе има реперкусии и врз другите климатски параметри, потенцијалната аспирација, облачноста итн.„
Најглавни елементи и климатски параметри кои што ќе сменат се температурата на воздухот и врнежите
Светската здравствена организација работи на проект за заштита на здравјето на луѓето до климатските промени. Раководителот на проектот, Маргарита Спасеновска вели дека топлотните бранови и големите темпертурни разлики влијаат негативно врз здравјето на луѓето.
,,Климатските промени влијаат врз здравјето од неколку сегменти, големите промени кои што се случуваат во температурите, тие промени доведуваат до големи влијанија кај хроничните болни, значи варијациите кои што се случуваат во пролетните и есенските периоди, понатаму имаат влијание врз хроничните болни, луѓето кои што примаат одредена терапија.„
Невладините организации велат дека во Македонија многу малку се работи на превенцијата од климатските промени. Искра Стојковска од еколошката организација Фронт вели дека стратегиите и идеите за превенција од климатските промени се само на хартија.Стојковска смета македонската индустрија не внимава доволно на еколошките стандарди кои се дефинирани во нашите и во
За жал мислам дека за голем број компании ние сме депонијата на Европа
,,За жал мислам дека за голем број компании ние сме депонијата на Европа, бидјеќи компанија како ОКТА не би можела ни во најлудиот сон да помисли да има таков тип на производство и особено не таков однос кон локалното население и сето тоа го прави со премолчена дозвола на авторитетите.„
Заменикот министер за животна средина, Соња Липиткова вели дека интезивно се работи на проекти кои ке помогнат во намалување на штетните гасови во воздухот и превенција од климатски промени..
Заедно со сите научни институции и владини институции работиме на полето на сузбивање на несаканите дејствија