Достапни линкови

Климатските промени ,,закана" за земјоделието


Земјоделска површина
Земјоделска површина

Македонските земјоделци можат да загубат 30 милиони евра до 2025 година, доколку продолжи глобалното затоплување. Според националниот извештај во Македонија, со климатските промени за 17 години ќе се намали родот на зимската пченица, грозјето, доматите, луцерката...

Родот на домати во Струмица и Гевгелија ќе се намали за три -четвртини до 2025 година.Слично сценарио го очекува и Кавадарци каде за 17 години ќе опадне произвотсвото на грозје за 70 проценти. Глобалното затоплување негативно ќе влијае врз македонското земјоделство. Според вториот национален извештај за климатски промени производството на поголем дел од земјоделски култури ќе се намали за 2 третини. Поради високите температури дел од високо планинските извори на вода ќе пресушат. Високите температури се една од причините за сушење на дабовата шума правејќи ја лесно запалива. Луѓето велат дека се свесни за глобалното затоплување но
Се очекува и поголем број на елементарни непогоди, суши, поплави
мислат дека не можат многу да придонесат за промени кон подобро.

,,Слабо како индивидуа, слабо, да не се лажеме. Стара хартија оставам пред зграда да ја соберат и толку.

,,Се трудам што помалку да ги користам пластичните кеси, да не ја загадувам околината, а другото не е до мене."

Температурите минатото лето достигнаа и до 45 степен, ваквите временски услови влијаат и врз шумските пожари во кој за две години изгоре повеќе од 10 илјади хектари шума Според Светската метеоролошка организација најтоплите гoдини се песледниве десет. Метеоролозите очекуваат просечната годишна температура во Македонија да порасне за скоро 5 степени до 2050тата година.Не очекуваат долги и топли лета и суви и ладни зими.

,,Се очекува и поголем број на елементарни непогоди, суши, поплави, значи и тоа не е исклучено како можност во наредниот период."

вели Пеце Ристески од Управата за хидрометеоролошки работи.
Изминатава година имавме суша, деновиве имаме влажно време што секако се одразува врз земјоделието и сточарството

Експертите велат дека наскоро ќе мора да се преземат мерки затоа што климатските промени ќе влијаат врз домашното производставо.Македонија е една од земјите на кои им се заканува суша вели Искра Стојковска од еколошката невладина организација.

,,Земјоделците веројатно се најпогодената група граѓани, бидејќи тие самите знаат што им се случува во смисла на временски услови кои директно влијаат врз нивното производство. Изминатава година имавме суша, деновиве имаме влажно време што секако се одразува врз земјоделието и сточарството исто така."

Невладините организации се обидуваат да го свртат вниманието на луѓето кон овој проблем.Во скоро сите европски училишта децата изучуваат предмет наречен глобални климатски промени.Научниците предупредуваат дека следните 10 години се пресудни и крајно време е да се делува.
XS
SM
MD
LG