Македонија е една од најранливите земји во поглед на нагли климатски промени, се заклучува во овогодинешниот извештај на Светската банка посветен на климатските промени. Претставникот на институцијата за Македонија Маркус Репник вели дека климатските промени може да предизвикаат сериозни штети во земјава.
„Зборуваме тука за шумски пожари, за суши и за поплави. И само за пример, во изминативе 15 години имаше шеснаесетина поголеми временски катастрофи во Македонија кои предизвикаа штета во вредност од 500 милиони долари.“
Репник исто така напомена дека Македонија е енергетски неефикасна. Понатаму, просечната емисија на јаглерод диоксид по глава на жител е речиси иста како швајцарската, а производството во Македонија е релативно пониско.
„Значи просечната емисија на јаглерод диоксид на просечниот граѓанин на Швајцарија е речиси иста со онаа на просечниот македонец. Но со речиси истата емисија на ЦО2 Швајцарија има поголемо производство и остварува неколкупати повеќе профит по глава на жител од Македонија.“
Имајки ја предвид високата емисија на карбон диоксид, се поставува прашањето зошто Македонија се уште се смета за енергетски неефикасна земја. Професорот Атанаско Туневски вели дека во индустријата се користат застарени технологии кои предизвикуваат високи емисии на јаглерод диоксид. За влез во ЕУ, Туневски вели дека тие технологии мора да се заменат со понови.
„Веројатно би биле задоволи кога Европа би рекла да, тие се далеку, но има тенденција на подобрување. Но, ние не правиме ништо за да се прави. Буквално само велиме да, лошо, а не правиме ништо за да се промени.“
Извештајот на Светската Банка денеска беше промовиран на отворањето на изложба во Швајцарската амбасада посветена на климатските промени. Шведскиот амбасадор во земјава Никол Вирш изрази надеж дека односот на македонците кон глобалното затоплување ќе се промени.
„Јас лично во овие уметнички дела гледам мешавина на експресии на страв гнев, па дури и очај. Сепак гледам и надеж за иднината. Крајната порака е дека македонците имаат избор.“

Зборуваме тука за шумски пожари, за суши и за поплави. И само за пример, во изминативе 15 години имаше шеснаесетина поголеми временски катастрофи во Македонија кои предизвикаа штета во вредност од 500 милиони долари