Достапни линкови

Спорот со името не влијае врз економските односи


Скопје
Скопје

Грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападополу смета дека спорот за името кој трае веќе 15 години нема негативно влијание врз економските односи меѓу земјите. Таа, сепак, додава дека решението на долгогодишниот спор сигурно дека дополнително ќе ја подобри бизнис климата.

Спорот со името меѓу Грција и Македонија трае 15 години и тој немаше негативен ефект врз економската соработка, напротив таа со текот на годините бележи развој и тоа нема да се промени ниту во иднина. Има многу земји кои имаат политички проблеми, но тоа не ги стопира општествата, владите и луѓето да соработуваат. Таков пример сме и ние, бидејќи нашите односи се длабоки и силни, изјави
Решението на политичко прашање ќе и помогне на вашата земја на економски план. Ќе имаме билатерални договори и поголема соработка,
тоа е сигурно.
грчката амбасадорка во земјава Александра Пападополу на нејзиното предавање на еден од приватните универзитети. Но решавањето на проблемот со името уште повеќе ќе ја подобри бизнис климата, вели таа.

„Решението на политичко прашање ќе и помогне на вашата земја на економски план. Ќе имаме билатерални договори и поголема соработка, тоа е сигурно. Бизнисмените кои ќе дојдат тука ќе заработуваат пари, а вашата земја ќе оствари профит, а ние ќе добиеме сосед со кој нема да имаме проблем.“
Грчката амбасадорка Александра Пападопулу

На прашањето дали поради економската криза со која се соочува Грција инвеститорите од земјата во наредната година ќе ја заобиколат Македонија Пападополу вели, напротив тие ќе ја бараат секоја шанса да профитираат.

„Инвеститорите од Грција нема да останат настрана поради економската криза, тука ќе ја искористат секоја можност да заработат пари. Тоа е првото правило за секој инвеститор. Вашата земја е близу и има обезбедено добри услови за инвестирање.“
Секој инвеститор е инвеститор. Тој не е Грк, Италијанец или Швеѓанин, тој сака да заработи пари и доколку вие им овозможите услови за профит тие сигурно ќе дојдат.

Но, за Македонија да привлече повеќе инвестиции, владата треба да ги послуша пораките од меѓународната заедница и да ги спроведе реформите, бидејќи тие се важни за бизнисмените не само од Грција, туку и од другите земји, вели Пападополу.

„Секој инвеститор е инвеститор. Тој не е Грк, Италијанец или Швеѓанин, тој сака да заработи пари и доколку вие им овозможите услови за профит тие сигурно ќе дојдат. Грчките инвеститори имаат уште една причина плус, соседи сме, што значи ја знаат околината и луѓето и сакаат да соработуваат со вас. Но мора да и помогнете на меѓународната заедница со вашите реформи.“

Грција е една од петте најголеми инвеститори во Македонија и воедно е една од земјите со кои имаме најголема трговска размена. Но сепак, грчките компании лани во земјава инвестирале само речиси 7 милиони евра, што е помалку во однос на претходните години. На пример, во 2007 година тие изнесувале околу 45 милиони евра.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG