Македонските милионери своите пари си ги чуваат во банки, инвестираат во недвижнини за да го заштитат својот капитал или во областа на трговија за да можат што е можно побрзо да заработат, велат економистите. Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека условите за домашни инвестистици се поволни само на хартија.
,,Тоа е мое лично мислење, дека од транзицијата капиталот се чува банкарските сметки на многу острови и тој е имобилизиран капитал и служи само за задоволство на поединци, немаше тој свое влијание, односно ја немаше смислата на приватизацијата.“
Македонскиот бизнисмен Дарко Панчев, парите заработени од фудбалската кариера во странство, ги вложи во недвижности.
,,Дел од нив издавам, дел ги држам како свои дуќани. Пробував и во нешто посериозно меѓутоа почувстував дека во овие 15 и повеќе години немаше клима за тоа, затоа што едноставно постојано се доаѓаше до некоја препрека дека не си член или дел од некоја партија или група што е моментално на позиција.“
Граѓаните кои немаат многу пари, велат дека и да ги имаат нема да ги инвестираат во земјава.
,,Кога би имал многу пари, би ја напуштил земјата.“
,,Ако државата ги смени условите би инвестирал во државата, ако не би ги чувал под перница.“
,,Колку што знам не сме многу привлечна земја за инвестирање.“
Поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини вели дека парите на македонските бизнисмени остануваат само орочени во банките.
,,Меѓутоа тоа е што е многу важно и банките не се многу стимулирани таквиот расположлив капитал да го вложат да финансираат стопански субјекти туку ги пласираат во државни обврзници, со што владата ги покрива своите трошоци.“
Професорот Томе Неновски вели дека поголемиот дел од бизнисмените се воздржуваат од инвестициски активности. Тој додава дека една од причините за таквото воздржување од инвестиции е економската криза и стравувањето дека заздравувањето од неа ќе трае многу долго.
,,Па не мора да речеме дека тие ги трошат, можеби само ги чуваат привремено очекувајќи да видат што ќе се случи во следниот период, меѓутоа мислам дека поголемиот дел се воздржува.“
Политиката дополнително ги влошува условите за инвестирање во земјава, ги дели бизнисмените на лојални и нелојални , вели Хајредини. Тој додава дека владеачките партии вршат притисок врз таканаречените нелојални бизнисмени.
,,Ние гледаме дека тие се сатанизираат, дека се олигарси, дека се врзани со опозиционите партии, дека се власи итн, што е крајно апсурдно.“
Пробував и во нешто посериозно меѓутоа почувстував дека во овие 15 и повеќе години немаше клима за тоа, затоа што едноставно постојано се доаѓаше до некоја препрека дека не си член или дел од некоја партија или група што е моментално на позиција.
,,Тоа е мое лично мислење, дека од транзицијата капиталот се чува банкарските сметки на многу острови и тој е имобилизиран капитал и служи само за задоволство на поединци, немаше тој свое влијание, односно ја немаше смислата на приватизацијата.“
Македонскиот бизнисмен Дарко Панчев, парите заработени од фудбалската кариера во странство, ги вложи во недвижности.
,,Дел од нив издавам, дел ги држам како свои дуќани. Пробував и во нешто посериозно меѓутоа почувстував дека во овие 15 и повеќе години немаше клима за тоа, затоа што едноставно постојано се доаѓаше до некоја препрека дека не си член или дел од некоја партија или група што е моментално на позиција.“
Граѓаните кои немаат многу пари, велат дека и да ги имаат нема да ги инвестираат во земјава.
,,Кога би имал многу пари, би ја напуштил земјата.“
,,Ако државата ги смени условите би инвестирал во државата, ако не би ги чувал под перница.“
,,Колку што знам не сме многу привлечна земја за инвестирање.“
Поранешниот министер за финасии Џевдет Хајредини вели дека парите на македонските бизнисмени остануваат само орочени во банките.
Тоа е мое лично мислење, дека од транзицијата капиталот се чува банкарските сметки на многу острови и тој е имобилизиран капитал и служи само за задоволство на поединци.