Повеќе пари, економска благосостојба, намалена невработеност... Условно речено, високата политика не е меѓу приоритетите на граѓаните. Генерално, тие се позаинтересирани да може да си дозволат еден, барем пристоен живот.
,,Најважно е да има мир, работа, ЕУ, НАТО. Да се средат сите работи, да има доволно работа за сите."
,,Да бидат задоволни луѓето, да имаат пари да живеат, инаку политиката е во втор план. Да нема луѓе на улица, социјални случаи."
,,Да се вработам."
,,Да се среди економијата, да можеме да живееме."
,,Најважно е за Македонија да влезе во ЕУ, што побргу затоа што еве јас работам во странство и на секоја граница не симнуваат затоа што не сме во ЕУ. И затоа мислам дека за Македонија е најважно да влезе во ЕУ и тоа 2010 година, а ако чекаме до 2011 година, ништо."
Сепак, и меѓу нив има такви кои што од државата не очекуваат ништо, и бараат само укинување на некои забрани.
,,Цигари не не оставаат."
,,Најважно е кафе со цигара да не остават."
Дел од оние повозрасните, пак, сметаат дека решението на сите политички и економски проблеми лежи во укинување на партиите.
,,По мое мислење треба малку поправка на Владата, треба да се поправат. За мене треба една партија да е, зошто? Зошто овде која партија и да фати нешто, народот пати."
Приоритетите на граѓаните, приоритети и за партиите?
Се чини дека генералните приоритети на граѓаните се приоритети и на политичарите, барем ако се суди по нивните партиски програми. Под прашалник се става само реализирањето на тие приоритети.
Во предизборната програма на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за периодот 2008-2012, стои дека стратешки проритети на Македонија се зголемување на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, повисока стапка на вработеност, пораст на животниот стандард и квалитет на живеење, како и интеграција на земјава во НАТО и во ЕУ.
Подобра бизнис клима, која ќе допринесе за зголемување на домашните и странските инвестиции, развој на земјоделството и подобар животен стандард на земјоделците, подобра перспектива за младите и поголема сигурност за возрасните и пензионерите, пак, се поставени меѓу клучните цели за време на владиниот мандат.
Во новогодишната честитка до граѓаните, премиерот Никола Груевски посака оваа година да биде поуспешна од претходната.
,,Јас и сите во Владата, ќе продолжиме да ги исполнуваме обврските кои ги преземавме пред изборите и кои ги зацртавме во нашата програма. Ќе се трудиме и да решиме многу повеќе проблеми од ветеното, како и досега свесни сме дека неможеме да ги решиме сите проблеми кои не мачат сите нас, но ќе го дадеме својот максимум да решиме што повеќе од проблемите."
За опозицијата, пак, клучно во 2010 е Македонија да влезе во НАТО и да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ. На забелешката дека граѓаните повеќе ги интересира дали ќе имаат пари, а не дали земјава ќе влезе во ЕУ и во НАТО, потпретседателот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев вели дека евроинтеграциите се најважна работа за Македонија, не само на политички, туку и на економски план. Помина времето кога членството во НАТО беше само гарант на безбедноста на една земја како Македонија, вели Заев.
,,Денеска веќе НАТО значи охрабрување на домашните и странските инвеститори, датум за преговори со ЕУ значи исто така охрабрување. Примерите со Бугарија, Албанија се многу јасни и гледаме какви се економските резултати."
Економијата и евроатлантските интеграции се поврзани
На слична линија со Заев е и професор Мерсел Биљали од универзитетот ФОН.
,,Главниот фокус би требало да ни биде решавање на проблемот со името и практично започнување на преговорите со ЕУ и членството во НАТО, со што практично ние отвараме широки можности за општ напредок во државата, поинаку ние ќе се соочиме со една поголема депресија."
Според него, решавањето на спорот со Грција ќе и овозможи на Македонија членство во ЕУ и во НАТО, а тоа ќе помогне за полесно пребродување на економската криза, која според многумина аналитичари, во Македонија допрва доаѓа. Биљали вели дека економијата не може да се гледа издвоено од политиката:
,,Тоа е каузална врска, се докажа дека нема шанси да доаѓаат сериозни инвеститори дури и бегаат тие што имаат намера или започнале некаква акција тука, ако не сме членки на ЕУ и ако не го завршиме проблемот во однос на името што практично значи започнување на преговори со Унијата."
Сепак, изминативе 15 години покажаа дека не е лесно да се дојде до решение на спорот за името со Грција. Политикологот Владимир Божиновски од Институтот за демократија вели дека еден од најважните проблеми за кои треба да се најде решение годинава е токму тој спор.
,,Прво, кое што би го очекувал секој граѓанин на Македонија е да се воспостави определен консензус за спорот со името односно да се најде еден заеднички став кој што ќе биде поддржан од сите политички партии, барем од сите релевантни политички партии и со кој ќе се настапи во оние преговори со Грција, затоа што сметам дека тоа е еден од најважните проблеми кој што не очекува и за кој што треба да се најде определено решение во 2010 година."
Има ли план Б?
Професор Билјана Ванковска, беше можеби првата што побара да го слушне планот Б - како до економски развој без членство во ЕУ. Ние потфрламе во реформите што ќе донесат демократски, економски и социјален развој, вели таа.
,,Дури ми се чини и дека преголемото фокусирање на големите сили, го одвлекува вниманието од она што реално со многу малку труд и заложба дефинитивно може лесно да се заврши."
Аналитичарот Алберт Муслиу, пак, смета дека работите би биле многу поедноставни кога политичките елити повеќе би се грижеле за државата, отколку самите за себе. Муслиу го дава оптималното сценарио за годинава.
,,Нашите политичари ќе ги стават државните интереси пред личните, и сите процеси во Македонија ќе почнат да се движат во еден нормален тек и нашите евроинтегративни процеси ќе напредуваат. Но за жал јас неверувам во таа варијанта, барем досегашното искуство покажува дека политичарите партиските и личите интереси ги ставаат многу погоре од државните"
Професор Билјана Ванковска вели дека најмногу разочарува потфрлањето во исполнувањето на реформите, што ќе донесат забрзан прогрес во демократските процеси и севкупен економски и социјален развој.
,,Ние таму киксираме и постојано она што ни е некаква домашна задача и тука потфрламе, така што дури ми се чини дека и преголемото фокусирање на големите сили го одвлекува вниманието од она што реално со многу малку труд, дефинитивно може лесно да се заврши."
Таа вели дека е многу тешко да се одговори како да се стигне до реализирањето на клучните приоритети. Ние, и како општество сме навикнати тоа некој да го направи за нас, вели Ванковска.
,,Дел од јавноста верува дека единствениот потик може да дојде од надвор, од странците кои ќе не притиснат или ќе не научат или слично, а другиот дел од јавноста верува дека постојат политичари кои се платени за тоа, а понекогаш забораваме дека постојат и работи кои ние во нашата секојдневна дејност, секој од нас треба да си ја врши работата високо одговорно и професионално, како што треба."
Иако одговорноста е на повеќе страни, вели Ванковска, оние што ја водат државата треба да бидат под постојана демократска контрола. Власта не смее да се опушти и треба да се држи на штрек, вели таа.
,,Особено тука би рекла дека е важно што економската перспектива оваа година верувам ги загрижува граѓаните, и тука ќе постои верувам една тензија и јас би сакала Владата да ја чуе таа тензија дека граѓаните повеќе сакаат продуктивно и домаќинско трошење на јавните пари, отколку расфрлање за непотребни нешта."
Според сите најави годинава ќе биде бурна за Македонија и на политички и на економски план. Дел од економистите очекуваат светската криза да дојде во Македонија, токму во текот на оваа година. Во првата половина на годинава, пак, се очекува ЕУ повторно да расправа за доделување датум за преговори за Македонија и посочува дека во тој период треба да се реши спорот за името со Грција.
Граѓаните, пак, очекуваат, политичарите да си ја „тераат“, условно речено, високата политика, а на нив да им обезбедат работа, плата и повисок стандард.
,,Најважно е да има мир, работа, ЕУ, НАТО. Да се средат сите работи, да има доволно работа за сите."
,,Да бидат задоволни луѓето, да имаат пари да живеат, инаку политиката е во втор план. Да нема луѓе на улица, социјални случаи."
,,Да се вработам."
Ветувањата за музеите полека се остваруваат, ќе се остварат ли ветувањата за ЕУ и НАТО интеграција и економски просперитет?
,,Па, за Македонија најважно е да отидеме во ЕУ, тоа, и економски да зајакнеме. Да има работа за сите, за вас младите, а за нас старите пензија. Тоа е најважно, да има средства за живот." ,,Да се среди економијата, да можеме да живееме."