Лидерите на 16 земји членки на еврозоната на петочниот вонреден состанок во Брисел го одобри итниот заем за Грција. Станува збор за 110 милијарди евра од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд што Грција ќе треба да ги добие во наредните три години. Претходно Германија и Италија и одобрија помош на Грција чиј парламент во четвртокот ја усвои програмата за штедење која е тесно поврзана со помошта од еврозоната.
На состанокот било решено да се востанави механизам за одбрана на еврото и за спречување на шпекулативните пазарни напади врз европската валута.
Францускиот претседател Никола Саркози по состанокот изјави дека земјите на еврозоната ќе покажат дека немаат милост во нивните обиди да се справат со финансиските пазари со цел трговците никогаш повеќе да не го доведат под прашалник опстанокот на еврото.
Инаку, Состанокот на министрите за финансии на Соединетите Американски Држави, Британија, Канада, Франција, Германија, Јапонија и Италија, односно нивните таканаречени конференциски консултации, доаѓаат откако Меѓународниот монетарен фонд вети дека ќе и даде 30 милијарди евра на Грција, додека Европската Унија треба да и позајми 80 милијарди евра.
Американскиот секретар за финансии Тимоти Геитнер, пак, како што се јавува, ќе разговара за напорите да и се помогне на Грција. Имено, резервираноста кон еврото и стравот дека ќе продолжи да паѓа се поради стравот дека грчката криза ќе се шири и во другите земји.
Турбуленции на берзите
Американската берза доживеа еден од најтурбулентните денови во историјата, откако индустрискиот индекс Дау Џонс за само половина час падна за речиси илјада поени, поради загриженоста дека грчкиот должнички проблем може да го сопре глобалното економско заздравување, јави Асошиејтед Прес. Пред затворањето на тргувањето на берзата индексот успеа да се покачи за 347 поени. Новинските агенции пренесуваат дека инвеститорите се разочарани што Европската централна банка не презела нови мерки за да се спречи ширењето на грчката криза.
Грчката влада ја превзеде одговорноста
Грчкиот Парламент, пак, во меѓувреме, со апсолутно мнозинство го усвои законот за спроведување на строгите рестриктивни економски мерки, кои се услов за доделување на кредити на Грција од страна на ММФ и ЕУ во висина од 110 милијарди евра. Пред гласањето грчкиот премиер Јорго Папандреу изјави.
„Денеска работите се многу јасни. Или ќе го донесеме законот или ќе ја осудиме Грција на Банкрот.“
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу, во обраќањето пред пратениците, изјави дека во моментов грчката демократија е ставена на тест, а насилството на демонстрациите не е решение за кризата. Грчката Влада, според министерот за финансии Јоргос Папаконстантину, ја презема на себе политичката одговорност за реализација на најтешката програма за обновување на економијата на земјата.
Усвоените мерки предвидуваат зголемување на данокот на додадена вредност и на акцизите на горивата, цигарите и алкохолот, како и намалување на платите на вработените во државниот сектор и на пензиите.
Цел на овие мерки е буџетскиот дефицит, кој во 2009 година изнесуваше речиси 14 проценти од бруто домашниот производ, до 2014 година да се намали на најмалку три проценти.