Германскиот канцелар Ангела Меркел смета дека заедничката валута е во најголема криза во нејзиното 11-годишно постоење.
Финскиот премиер Мати Ваханен изрази сомневање дека спасот на Грција не ќе може да го спречи натамошното ширење на финансиската нестабилност во Европа.
За францускиот прмиер Франсоа Фијон, пак, еврото е под голем удар на финансиските шпекулации. Тоа е ставот и на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.
„Комисијата ќе стори се што е потребно за да обезбеди финансиските пазари да не станат игралиште за шпекулации. Слободните пазари се основа за функционирање на успешните економии, но на слободните пазари им требаат правила и услогласеност.“
Баросо ова го изјави во Европскиот парламент додека во Грција имаше судири меѓу полицијата и демоснтрантите кои протестираа против мерките за штедење, како дел од меѓународниот пакет вреден над 110 милијарди евра за спасување на грчката економија.
„Ќе ги спречиме овие мерки. Можеби не денеска, но утре...“, изјави Лета Метониу, учествувајќи на протестите во Атина.
До протестите дојде пред денешното гласање за пакетот во грчкиот парламент. И покрај тоа што се очекува тој да мине лесно со оглед на мнозинството што го има владата на ПАСОК, сепак грчките работници најавуваат натамошна битка за нивните права.
„Работниците се соочени со напад врз нивните историски права и ќе продолжиме да се бориме против ваквата политика на владата“, вели Илијас Вретакос, заменик шеф на најголемиот грчки синдикат во јавниот сектор.
Во истовреме вчера, германскиот канцелар Ангела Меркел со драматичен говор во Бундестагот и со оценка дека е во прашање иднината на Европа, побара одобрување на помошта за Грција.
„Европа мора да реши дали сака да продолжи по патот од минатото.“
Пакетот е многу непопуларен во германската јавност која не сака да ги плаќа грчките грешки. Една третина од помошта за Грција доаѓа од Германија, а гласањето во Бундестагот е закажано за в петок.
Неубеденоста во успехот на спасувачкиот пакет за Грција доведе до голема нервоза на глобалните финансиски пазари. Нив се обиде да ги смири еврокомесарот за економски и монетрани прашања Оли Рен:
„Овој пакет е пресметан многу внимателно врз основа на предвидените потреби на Грција и јас сум убеден дека 110 милијарди евра ќе бидат доволни за рефинансирање на Грција во наредните неколку години.“
Инвеститорите стравуваат дека гигантскиот пакт за спасување на Грција нема да биде доволен за да го спречи ширењето на должничката криза во Шпанија и Португалија.

Европската Комисија ќе стори се што е потребно за да обезбеди финансиските пазари да не станат игралиште за шпекулации. Слободните пазари се основа за функционирање на успешните економии, но на слободните пазари им требаат правила и услогласеност.
„Ќе ги спречиме овие мерки. Можеби не денеска, но утре...“, изјави Лета Метониу, учествувајќи на протестите во Атина.
До протестите дојде пред денешното гласање за пакетот во грчкиот парламент. И покрај тоа што се очекува тој да мине лесно со оглед на мнозинството што го има владата на ПАСОК, сепак грчките работници најавуваат натамошна битка за нивните права.
„Работниците се соочени со напад врз нивните историски права и ќе продолжиме да се бориме против ваквата политика на владата“, вели Илијас Вретакос, заменик шеф на најголемиот грчки синдикат во јавниот сектор.
Во истовреме вчера, германскиот канцелар Ангела Меркел со драматичен говор во Бундестагот и со оценка дека е во прашање иднината на Европа, побара одобрување на помошта за Грција.
„Европа мора да реши дали сака да продолжи по патот од минатото.“
Пакетот е многу непопуларен во германската јавност која не сака да ги плаќа грчките грешки. Една третина од помошта за Грција доаѓа од Германија, а гласањето во Бундестагот е закажано за в петок.
Овој пакет е пресметан многу внимателно врз основа на предвидените потреби на Грција и јас сум убеден дека 110 милијарди евра ќе бидат доволни за рефинансирање на Грција во наредните неколку години.