Достапни линкови

Грција се уште може да изгори


Одлуката на шеснаесете влади од еврозоната да и обезбедат на Грција 30 милијарди евра помош за извлекување беше поздравена од аналитичарите. Сепак, многумина се уверени дека помошта е премала и задоцнета. Таа може да и помогне на Грција да не банкротира годинава, но останува без одговор за долгорочни предизвици со кои се соочува земјата и еврозоната во целост.

Грција можеби излезе од тавата, но се уште може да се најде во оганот. Ова може да се заклучи по одлуката на 16 земји од еврозоната да и дадат на Атина итни заеми од 30 милијарди евра со каматни стапки од околу пет проценти.

Заедно со околу 15 милијарди евра од Меѓународниот монетарен фонд, според експертите, тоа би требало да биде доволно Грција годинава да го оддолжи исплаќањето на 53 милијарди евра што оваа година им ги должи на странските доверителите.

Премиерот Јоргос Папандреу го спореди кредитот со револвер, чија цел се меѓународните шпекуланти кои Атина ги обвинува за нејзините проблеми. Грција допрва треба да ја активира помошта од еврозоната за која се надева дека ќе ги убеди инвеститорите да
Со цел да ги стави јавните финансии врз одржлива основа, Грција треба да постигне раст на нејзината економија. Сегашното намалување на јавната потрошувачка, комбинирано со намалување на платите, со цел да се зголеми цената на конкурентноста на економијата во еврозоната претставува ризик што ја турка земјата во продолжена рецесија.
дадат заеми со подостапни камати. Но, аналитичарите предупредуваат дека 30 милијарди евра може да претставуваат само врв на ледениот брег, во однос на вистинската мерка на проблемот.

Сајмон Тилфорд, главен економист на лондонскиот Центар за европски реформи, вели дека ефектот на овој пакет може да биде само ограничено одложување на грчката несолвентност.

„Пакетот не одговори на основните прашања, на причините за основните проблеми во рамките на еврозоната, туку на непосредната закана за несолвентност на Грција. Значи, ризикот за Грција во краток рок е значително намалена.“

Позицијата на грчката влада е повеќе од поразителна. Таа има долг од над 300 милијарди евра, а буџетскиот дефицит одамна и е двоцифрен. Тилфорд вели дека постојат сериозни прашалници за способноста на Грција да ги исполни своите обврски на среднорочен и долгорочен рок.

„Со цел да ги стави јавните финансии врз одржлива основа, Грција треба да постигне раст на нејзината економија. Сегашното намалување на јавната потрошувачка, комбинирано со намалување на платите, со цел да се зголеми цената на конкурентноста на економијата во еврозоната претставува ризик што ја турка земјата во продолжена рецесија.“

Стандарден лек за заканата од продолжена рецесија е девалвацијата, но тој не е и на располагање со оглед дека станува збор за членка на еврозоната. Враќањето на драхмата пак, според експертите, е лек кој е полош од болеста и речиси сигурно ќе доведе до неисполнување на грчките обврски спрема доверителите.

Откритието дека Грција со години ја мамела Европската унија со фалсикување на буџетските бројки воопшто не и помагаат во целиот случај. Затоа весникот Зиддојче Цајтунг деновиве излезе со наслов Грција увозува доверба.

На подолг рок, аналитичарите веруваат дека ризикот од ширењето на заразата надвор од Грција останува реална. Во тоа предничат Португалија, Шпанија, и Италија кои имаат слаби изгледи за економски пораст.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG