Достапни линкови

Прекумерната полиција причина за нередите во Шуто Оризари


Ромско население
Ромско население

Ромските невладини организации, локалната власт во Шуто Оризари, но и претставниците на Ромите во Владата, велат дека прекумерното присуство на полицијата и употребата на сила е причина за вчерашните настани во оваа населба, кога локалното население се судри со околу 200 полициски специјалци.

Токму прекумерното присуство на полицијата е причина за вчерашниот инцидент во Шуто Оризари, тврдат ромските политичари, инаку коалициони партнери во власта. Тие немаат забелешка на тоа законот да се спроведува, но се противат на прекумаерната употреба на сила. Градоначалникот на Шутка Елвис Бајрам јавно прашува зошто власта имала потреба да демонстрира толкава сила, кога Ромите не пружале отпор на почетокот на акцијата на координативното тело за заштита на индустриската сопственост. Тој вели дека не бил известен за акцијата.
Кој е тој што процени дека толкав број на специјалци треба во нашата општина? Што сме ние Ромите, сакам да прашам? Кој го испровоцира да се случи овој немил настан во нашата општина.


,,Им ја одземале робата, граѓаните не реагирале и недавале отпор. Акцијата на инспекторите се одвивала без застој. Сакам да ги прашам неколку прашања инспекторите: Кој е тој што процени дека толкав број на специјалци треба во нашата општина? Што сме ние Ромите, сакам да прашам? Кој го испровоцира да се случи овој немил настан во нашата општина?“

Министерот без ресор Неждет Мустафа се согласува дека можело да се најде попогодно време и начин за акцијата. Акцијата не требаше да се организира така, со присуство на голем број на полицијаци, вели Мустафа.

,,Жалам што за време на Декадата на Ромите, и за време кога низ цела Европа е прогласена ,,Година на ромската сиромаштија“ ова не беше организирано по умерено, и не беше во соработка со локалната самоуправа. Сметам дека и прекумерното пристуство на полицијата го иритираше ромското население и доведе до таква ескалирана состојба.“
Сметам дека и прекумерното пристуство на полицијата го иритираше ромското население и доведе до таква ескалирана состојба.

Со соопштение реагираше и Националниот ромски центар. Тие констатираат дека напорите за инклузија и рамноправен пристап кон Ромите паднаа во вода со вчерашните случувања во Шуто Оризари.

„Не може а да не забележиме на многубројните прекршувања на начелата на рамноправност и избегнување на дискриминација, како од државните институции, така и од медиумите“, се вели во соопштението.
Националниот ромски центар смета дека е нејасно дали со оваа акција државата сака навистина да се бори со фалсификуваната роба или само се обидува да изврши притисок „таму каде што очигледно смета дека е најлесно, кај Ромите?!“

„Многу често истата таа роба што може да се најде на пазарот во Шуто Оризари е присутна и се продава во многу „елитни” продавници во ГТЦ и низ центарот на Скопје!“, констатираат во Националниот ромски центар.


Според информациите од МВР во вчерашните инциденти се повредени 16 полицијаци, но дека нема повредени граѓани. Локалното население од Шутка вчера се судри со околу 200 полициски специјалци кои требаше да асистираат на акцијата на координативното тело за заштита на индустриската сопственост.
Жителите на Шутка ја опсипаа полицијата со камења, во знак на револт од запленувањето на фалсификувани брендирани производи. За сузбивање на протестите специјалците употребија и димни бомби.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG