Неизвеснота за иднината, стравот од губење на работното место, нередовната плата и социјалната несигурност, се дел од мотивите за штедење на македонските граѓани, сметаат експертите. Банкарите велат дека интересот за штедење на пари на сметка е се поголем, само во изминатава година штедачите вложиле за 15 проценти повеќе пари на своите сметки од претходната година. Граѓаните, од друга страна велат дека последните случувања со грабежите им ја намалува довербата.
„Од Нова година до сега, банките се најмногу ограбени во државава. Како може да ограбуваат банките, а да неможе да фатат ниту еден, не ми е јасно. Затоа не верувам дека некој има доверба веќе во банките?!“
„Јас сум штедач долго време и имам доверба, само се ми е страв од појавата на фалсификувани картички, да не ми ги земат парите.“
„Па мислам дека е побезбедно во банка.“
„Немам пари што ќе чувам дома, па камоли во банка.“
Банкарите сметаат дека во последниве десет години од трансформацијата на германските марки во евра, довербата во банките и интересот за штедење полека расте. Директор една македонска банка вели дека за време на светската економска криза кој влијае и врз македонската економија забележан е поголем пораст во депозитените влогови во банкарскиот сектор.
„На почетокот особено минатата година имаше мал страв од девалвација, па луѓето повторно почнаа повеќе да штедат во девизи, наместо во денари, ги претвораа своите заштеди во девизи, но сепак довербата во денарот повторно се враќа и продолжуваат да штедат во денари“, вели Антонио Аргир, директор на деловна мрежа.
Тој додава дека, се уште, штедењето е во девизи, но учеството на денарите е зголемено.
„Пред две-три години скоро целото штедење, 90 отсто беше главно во девизи, главно во евра и нешто во долари, сега веќе таа разлика се намалува.“
Професорот Христо Карталов вели дека со трендот на намалување на каматните стапки за штедење ќе опадне малку мотивот кај граѓаните за штедење.
„Целта, потребата односно мотивот да се штеди, но во принцип каматните стапки се се уште високи и повеќе станува збор за навика, желба за сепак да се сочува некаков денар, некаква заштеда за евентуалноста која што е неизвесна, кризата се уште не е помината, многумина стравуваат за своите работни места.“
Нискиот животен стандард ги тера луѓето да штедат повеќе за „црни денови“, отколку за каква било инвестиција или исполнување на желби како на пример нов телевизор, автомобил или поголем стан, велат експертите.
Па мислам дека е побезбедно во банка.
„Од Нова година до сега, банките се најмногу ограбени во државава. Како може да ограбуваат банките, а да неможе да фатат ниту еден, не ми е јасно. Затоа не верувам дека некој има доверба веќе во банките?!“
„Јас сум штедач долго време и имам доверба, само се ми е страв од појавата на фалсификувани картички, да не ми ги земат парите.“
Немам пари што ќе чувам дома, па камоли во банка.
„Па мислам дека е побезбедно во банка.“
„Немам пари што ќе чувам дома, па камоли во банка.“
Банкарите сметаат дека во последниве десет години од трансформацијата на германските марки во евра, довербата во банките и интересот за штедење полека расте. Директор една македонска банка вели дека за време на светската економска криза кој влијае и врз македонската економија забележан е поголем пораст во депозитените влогови во банкарскиот сектор.
„На почетокот особено минатата година имаше мал страв од девалвација, па луѓето повторно почнаа повеќе да штедат во девизи, наместо во денари, ги претвораа своите заштеди во девизи, но сепак довербата во денарот повторно се враќа и продолжуваат да штедат во денари“, вели Антонио Аргир, директор на деловна мрежа.
Тој додава дека, се уште, штедењето е во девизи, но учеството на денарите е зголемено.
Пред две-три години скоро целото штедење 90 отсто беше главно во девизи, главно во евра и нешто во долари, сега веќе таа разлика се намалува.