Достапни линкови

За ТАТ сеуште се водат 500 судски спорови


Битола
Битола

12 години по пропаѓањето на пирамидалната штедилница ТАТ стечајната постапка никако да заврши. Според стечајниот управник доверителите постојано поведуваат судски процеси низ судовите

Дванаесет години по пропаѓањето на пирамидалната штедилница ТАТ, се уште не завршила стечајната постапка, обремената со енормно голем број на судски спорови. Стечајниот управник Душко Јанкуловски не може да прецизира кога конечно ќе се оконча долгиот процес зашто постојано доверителите поведуваат судски спорови. Во монемот за ТАТ се водат над 550 судски процеси низ повеќе судови во државата.

„Јас имам сега 550 судски спориви во 18 судови низ Македонија. Ми велат кога ќе завршиме побрзо. Јас еднаш годишно пуштам ургенци до претседателите на судовите, но не можеш да им наредиш. Потоа има влечкање, се заведуваат судски спрови и тие траат со години. Тука е проблемот. Ја добивам пресудата, па жена му се жали дека не знаела оти маж и ја дал куќата под хипотека. Ајде цела постапка од почеток. Го изгубив тој спор, син му поднесе тужба, ми го стопираа извршното решение“

објаснува Јанкуловски.

Преку стечајната маса сеуште не се опаричил целокупниот имот што врз основа на хипотеки му припаднал на ТАТ.

„Потоа има лоши хипотеки половинка куќа, четвртинка стан. Една, втора, трета продажба во судот не оди, па му ги досуди на ТАТ. Мене не ми требаат куќи и ниви, туку пари за да им поделам на штедачите“

додава Јанкуловски.

Аферата за пирамидалната штедилница избувна во 1997 година. Во неа околу 13 илјади штедачи ги загубија своите заштеди во износ од 6 милиони евра. До сега само половината се обештетени. Процент од стечајната маса на оштетените штедачи им се делеше најчесто пред избори. Многумина од нив добија конвертибилни сертификати чиј рок беше ограничен, а некои пак се откажаа од поголемите влогови и зедоа само илјада евра во кеш. Иако се споменуваа многу имиња како вмешани во грабежот, в затвор една година одлежа само сопственичката на штедилницата, Соња Николовска.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG