Достапни линкови

Економската криза се одразува врз потрошувачката


Економската криза придонесе за намалување на куповната моќ на граѓаните, кои пред се штедат во купувањето на полуксузни работи, како што се недвижности и автомобили. Во овие гранки се бележи пад на прометот за околу 30 отсто.

Економската криза ќе допринесе за намалување на цената на становите и кириите, прогнозираат агенциите за недвижности. Од таму велат дека цената на недвижностите е многу висока, а граѓаните не можат да ја платат. Состојбата дополнително ја влошуваат и високите каматни стапки на кредитите. Освен продажбата на станови опадната е продажбата на автомобили. Граѓаните велат дека живеат под психолошки притисок дека кризата може и да расте, па затоа купувањето на недвижнини и автомобили го оставаат за подобри времиња.
„Бидејќи има се помалку пари, почнува да влијае и на нашиот пазар да има скромно намалување на цените на становите


„Нема ни за егзистенција.“

„Неможам да плаќам кирија, многу е тешко.“

„Се нема пари ни за штедење, ниту за живеење.“

Светската рецесија во многу земји ја намали цената на становите и на кириите но тоа не се случи во Македонија. Продажбата на станови во Хонгконг, некогаш хиперактивен пазар, во последно време е сопрена, а цените на становите паѓаат.. Во Велика Британија, која некогаш имаше најсилен пазар за изградба на станови, стапката за одобрување кредити падна за 31 отсто во однос на претходната година . Познавачите на оваа проблематика велат дека намалување на цените во Македонија можат да се очекуваат веќе од наредниот месец.

„Бидејќи има се помалку пари, почнува да влијае и на нашиот пазар да има скромно намалување на цените на становите, меѓутоа се очекува понатаму намалувањето да биде уште поголемо, некаде околу 50 до 100 евра по метар квадратен.“
„Бидејќи финансирањето скоро целосно е застанато, кредит веќе и никој не нуди од банките, нешто лизинг се нуди, луѓето нема да пројават интерес како лани, или претходната година, бидејќи тоа беше носечката сила за продажба на возила


Вели Јован Тасев, сопственик на агенција за недвижности. Трговците велат дека економската криза се одразува врз потрошувачката . Оние кои работат со автомобили, бела техника и со мебел бележат пад на прометот од над 30 отсто. Дилерите со автомобили велат дека се додека не се опорави финансискиот сектор и не се пуштат пополни услови, продажбата на автомобили ќе се намалува.

„Бидејќи финансирањето скоро целосно е застанато, кредит веќе и никој не нуди од банките, нешто лизинг се нуди, луѓето нема да пројават интерес како лани, или претходната година, бидејќи тоа беше носечката сила за продажба на возила.“

Вели Илија Папјанев. Економските експерти објаснуваат дека прометот опаѓа и поради психолошкиот притисок и постојаното и пренагласено истакнување на глобалната економска криза и рецесијата. Намалување на куповната моќ на граѓаните, предвиде и Народната банка. Експертите велат дека кога граѓаните ќе почнат повеќе да трошат и да купуваат полуксузни работи тогаш тоа ќе значи дека Македонија излегува од економска криза.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG