На Соединетите држави, поради нивната големина и богатство, се гледа како на мотор на глобалниот развој. Посебен дел од таа равенка се американските потрошувачи. Нивниот удел во бруто домашниот производ е 70 насто. Затоа многу земји во светот сакаат да продаваат во ова големо потрошувачко општество. Но, од почетокот на светската криза која почна во минатата година, американците трошат помалку. Дезмонд Лачмен, поранешен економист во Меѓународниот монетарен фонд верува дека во Соединетите држави така ќе биде уште извесно време. Во меѓувреме, како што додава, потрошувачката би требало да се зголемува во европските и азиските земји, особено во Германија и Кина кои се најголеми економии во нивните региони.
,,Ако владата на Соединетите држави не преземеше чекор во обид да ја поддржи економијата ќе имавме глобални проблеми. Ако Германија и Кина не преземаат соодветни мерки да ги поттикнат нивните граѓани да трошат тие проблеми не ќе можат да бидат решени целосно.,,
Вели Лачмен, додавајќи дека на светската економија и треба поттик, но оти тој треба да биде балансиран, а не како досега само одстрана на Соединетите држави. Со него не се согласува Алан Мелцер, професор по економски науки на Карнеџи универзитетот во Питсбург кој вели дека на земји како на Германија не и треба голема владина интервенција за да излезе од рецесијата. Според него, приватната индустрија е одлично способна да ја изврши оваа работа.
,,Мислам дека германците водат претпазлива и во целост сензибилна политика. Тие не испаничија како што тоа го стори администрацијата на Обама. Затоа мислам дека Германија заздравува. Има многу виталност во германскиот приватен сектор.,,
Битно е, според Мелцер, овој сектор да не биде дополнително оптоварен со нови закони и даноци. Светот ќе најде начини да излезе од рецесијата и без обидите на владите да ги наметнат нивните желби за национални економии, додава тој, оценувајќи дека сегашниот тренд на штедење е привремен, едноставно затоа што многу луѓе, не само во Америка, изгубиле многу пари. Во моментот кога ќе почувствуваат дека се опоравиле од таа загуба, тие повторно ќе почнат да трошат, вели професор Алан Мелцер.
,,Ако владата на Соединетите држави не преземеше чекор во обид да ја поддржи економијата ќе имавме глобални проблеми. Ако Германија и Кина не преземаат соодветни мерки да ги поттикнат нивните граѓани да трошат тие проблеми не ќе можат да бидат решени целосно.,,
Вели Лачмен, додавајќи дека на светската економија и треба поттик, но оти тој треба да биде балансиран, а не како досега само од
Мислам дека германците водат претпазлива и во целост сензибилна политика. Тие не испаничија како што тоа го стори администрацијата на Обама...