Брошурите, спотовите и добрите регулативи можат да привлечат странски инвеститори, ама ако се остане само на документ и не се работи постојано со инвеститорите, тие можат да си отидат, порача извршниот директор на Американската Стопанска Комора од Бугарија при посетата на земјава. Тој пренесувајќи ги искуствата на сопствената земја посочи дека инвеститорите треба и да се задржат.
,,Може многу лесно да ги изгубите потенцијалните инвеститори, ако не сте со нив уште од самиот почеток. Затоа велам дека на хартија тука се изгледа дека е во ред, би рекол дека во некои области дури имате и подобри регулатива од многу земји членки во ЕУ, но имплементацијата е многу поважна.“
Луѓе од 20 фирми од Бугарија се во посета на Македонија. Посетата ја искористиле за развивање на соработка со македонските бизнисмени и за разгледување на проекти за заедничко привлекување на инвеститори од странство. Горгиев вели дека и покрај тоа што земјите се соседи тие посетата на Македонија ја планирале со години, бидејќи досега Македонија повеќе била насочена кон соработка со прекуокенаските земји. Гостинот од Бугарија порача дека треба да има дијалог меѓу Владата и бизнис секторот.
,,Ваквиот дијалог е најдоброто решение за економијата посебно во вакви кризни времиња. Дијалогот е клучен и за успехот на Скопје на патот кон Брисел и за идното челнство во НАТО.“
Од Американската стопанска комора во Македонија најавија проширување на соработката и со Американските стопански комори во другите соседни земји.
,,Имавме многу успешни средби на кои разменивме идеи за понатамошна подобра соработка. Состаноците со членовите на Америкнската Комора во Бугарија се дел од серијата на соработки со коморите од регионот, освен со Американската Комора во Косово, ќе соработуваме и со Коморите од Унгарија и од Албанија.“
Посетата на бугарски бизнисмени во Македонија е во организација и на Американската амбасада во земјата. Заменик амбасадорот на САД во Македонија, Том Навратил вели дека Соединетите држави ја подржуваат соработката меѓу стопанските комори:
,,Ние сметаме дека ваквите средби може да донесат многу бенефиции во подобрување на бизнисот и се надеваме дека со присуството на економската размена и присуството на американскиот бизнис во македонија ќе ја се подобри односите меѓу двете земји.“
Секторот за енергетика, ИТ секторот, секторот за туризам, банкарство и финансии се потенцијалните области во кои може да се развива соработка меѓу македонките и бугарските компании.
Затоа велам дека на хартија тука се изгледа дека е во ред, би рекол дека во некои области дури имате и подобри регулатива од многу земји членки во ЕУ, но имплементацијата е многу поважна
,,Може многу лесно да ги изгубите потенцијалните инвеститори, ако не сте со нив уште од самиот почеток. Затоа велам дека на хартија тука се изгледа дека е во ред, би рекол дека во некои области дури имате и подобри регулатива од многу земји членки во ЕУ, но имплементацијата е многу поважна.“
Луѓе од 20 фирми од Бугарија се во посета на Македонија. Посетата ја искористиле за развивање на соработка со македонските бизнисмени и за разгледување на проекти за заедничко привлекување на инвеститори од странство. Горгиев вели дека и покрај тоа што земјите се соседи тие посетата на Македонија ја планирале со години, бидејќи досега Македонија повеќе била насочена кон соработка со прекуокенаските земји. Гостинот од Бугарија порача дека треба да има дијалог меѓу Владата и бизнис секторот.
,,Ваквиот дијалог е најдоброто решение за економијата посебно во вакви кризни времиња. Дијалогот е клучен и за успехот на Скопје на патот кон Брисел и за идното челнство во НАТО.“
Состаноците со членовите на Америкнската Комора во Бугарија се дел од серијата на соработки со коморите од регионот, освен со Американската Комора во Косово, ќе соработуваме и со Коморите од Унгарија и од Албанија